Петокраката победи на Европскиот суд

31.05.2019 00:44
Петокраката победи на Европскиот суд

Европскиот суд за човекови права смета дека црвената ѕвезда како симбол не може да се забрани зашто тоа би било кршење на слободата на изразување.

Во пресудата на Европскиот суд се вели дека ѕвездата не може да се посматра само како симбол кој го претставува исклучиво комунистичкото тоталитарно владеење, што беше импликација на владата на Унгарија.

Судот истакнува дека црвената ѕвезда и натаму е „симбол на меѓународното работничко движење, борбата за поправедно општество и одредени законски политички страни кои се активни во различни држави членки“.

Истакнувањето на црвеното знаме е слобода на изразување, пишува во пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2008 година, а во неа дури и се вели дека пропагирањето на комунистичката идеологија самото по себе не е казниво.

Случајот започна во 2003 година кога унгарскиот политичар Атила Вајнаи во Будимпешта на јакната имаше црвена петокрака. Затоа беше на суд и доби условна казна од една година за истакнување на комунистички симбол во јавноста.

Вајнаи се жалеше во Европскиот суд за човекови права. Иако тогаш унгарската влада истакнуваше дека носењето на црвената ѕвезда во јавност е непримерно, Судот сепак заклучи дека се работи за симбол на законското левичарско движење.

Извор: https://novayugoslavia4.blogspot.com