Клер Мекфарлен ќе трча во Скопје против сексуалното насилство

31.05.2019 01:56
Клер Мекфарлен ќе трча во Скопје за ставање крај на сексуалното насилство

На 1 јуни, Клер Мекфарлен (Claire McFarlane), основачка на организацијата „MOVEMENT TO INSPIRE“ во Скопје ќе трча 16 километри со цел да отвори дијалог за сексуалното насилство.

Клер ја основала организацијата инспирирана од сопственото искуство и траума во 1999 година кога била брутално силувана и оставена на улиците на Париз. Но таа успева да преживее, по што следи 16 годишна борба со францускиот судски систем, која конечно завршува со нејзина победа во 2015 година. 16-те километри ја означуваат нејзината 16 годишна борба со францускиот судски систем, но и желбата за ненасилно ставање крај на проблемот со сексуално насилство.

Таа во Скопје дојде на 28 мај (вторник) и до 1 јуни ќе се сретне со организациите кои ќе и понудат поддршка за да ја сподели својата приказна со различни целни групи. На 1 јуни пак, како и во претходните 46 земји, ќе трча 16 километри, овој пат на кејот на реката Вардар, заедно со сите оние кои ќе сакаат да ѝ се придружат.

Стартот е во близина на Паркот на Франкофонијата.

Преку јавното споделувањето на нејзината приказна, таа стана гласот на огромен број жртви на сексуалното насилство, но воедно и надеж дека светот може да стане побезбедно место за живеење. Таа одбира различен начин да зборува за сексуалното насилство, а тоа е спортот. Спортот обединува и многу често ги поврзува луѓето и им дава платформа за да изразат став.

Проектот FOOTSTEPS TO INSPIRE е инклузивен проект, активно помага и придонесува да се реши проблемот на сексуалното насилство глобално, но секако и на локално ниво инспирирајќи ги локалните заедници за активно справување со овој проблем.

Во секоја земја каде Клер патува со проектот, во соработка со локални организации, таа лично ја споделува својата приказна и преку подигање на свесноста на различни нивоа, се труди да ја оствари целта на проектот, но воедно и да помогне на жртвите на сексуално насилство во конкретната земја.

ОкоБоли главаВицФото