Ни солзи Лијам Нисон ме фаќа

31.05.2019 14:14
Ни солзи Лијам Нисон ме фаќа

 

Будност, ти ме уморуваш.

 

Ни солзи Лијам Нисон ме фаќа.

 

Попладневна дремка?! Тоа ми е каучна фантастика.

 

Не ми глуми, у очи ти гледам дека спиеш!

 

Не можам да заспијам. многу ми е шарено ќебето.

 

Срцето ми се крши од работа.

 

На работа ме цедат во шоковник.

 

Ако работата те тера да ринташ ко коњ, кочија.

 

Се смеам за да не се објаснувам.

Попуштив ради попаметност.

 

Кога се лутам последна дознавам.

 

Ранлива сум пошо ми се може.

 

Пиши ме во згрозени видови.

 

Матичната плоча ми е чипкаста.

 

Ја разбивам монотонијата и бегам да не ме фатат.

 

Многу касно искочив на сликата али супер си поминав.

 

Во живо сум пофина, но на Интернет сум пожива.

 

Многу е просто, ама не знам што.

 


Гајле си ми. Те немам.

 

Не те носам на душата, самиот ми легна.

 

Ако сум ти тешка вака стави ме во куферот со тркалца.

 

Лева патетика.

 

Оф оф оф оф, не ми се сите оф-ци на број.

 

Ме нарекле и нихилист и дефетист, па ништо од тоа.

 

Ме пресретнаа пар екселанси али ништо не ми направија.

 

- Види ја бе, ме истепа ко од шала!
- Таква сум, шегобијна.

 

Жените се од Кавганистан, мажите се од Смирија.

Торбицата супер се држи ко за нејзини години.

 

- Што прави витлер у теретана?
- Витка коса.

 

И тогаш мрморецот му рече на камелеонот: „Те видов како се влечкаш по неа, признај, не ми мењај бои!“

 

Ајкулата го праша ракот: „А со мене нема да се ракуваш?”
„Ајкулирај сега, ме мрзи”, ѝ одговори тој.

 

Го прашав палтото: „Имаш последна желба пред да те обесам?“

Ми рече: „Не сакам да се наметнувам“.

 

Да, да, ќе дојдам на журка, само да ги издресирам двава октоподи да прават „да пукне“.

 

Абе зошто му викате на прасето дека ќе го правите пача, да му ги јадете ушите!

Искушение е да си штрк и да треба да им го носиш детето-гасеница на пеперутките.

 

Кучката ме лиже ко да нема кутре.

 

Подобро комарец во рака отколку мува на капа.

 

Помфрит либертаријанец пишува докторска фритеза.

 

Перцата на кромидот се перископи со кои главицата нѐ посматра.

 

Бормашината што успеа да се измоли за помалку стресна работа стана сеизмолог.

 

Се утепа од врнење во Љубљана, а јас заборавив да им се јавам на ластовичките да си ги приберат пружените пердуви од жиците.


Колажи: Julie Cockburn

ОкоБоли главаВицФото