Учењето уметност во иднина ќе стане поважно од математиката

01.06.2019 04:00
Учењето уметност во иднина ќе стане поважно од математиката

Истражувачот Андреас Шлајхер (Andreas Schleicher), кој ја води програмата за меѓународно оценување на студентите во меѓувладината економска организација OECD, говорејќи во Парламентот на Велика Британија, рече оти верува дека младите луѓе би имале повеќе корист од вештините стекнати преку креативноста, отколку од учењето преку тестови.

На Одборот за едукација тој му презентираше резултати од истражувањето за четвртата индустриска револуција – влијанието врз општеството на технологијата, роботиката и вештачката интелигенција.

„Во четвртата индустриска револуција уметноста може да стане поважна од математиката. Како ‘меки вештини’ често ги разбираме социјалните и емоционалните вештини, додека науката, и математиката ги сметаме за тешки вештини, но може да е спротивно“, рече Шлајхер, кој се смета за еден од водечките светски мислители во сферата на едукацијата. Тој сугерира дека науката и математиката, во иднина, може да станат ‘помеки’. Потребата од нив се намалува заради технологијата, а вистински барани вештини ќе бидат „вашето љубопитство, вашето лидерство, упорноста и вашата отпорност“.

Неговите коментари доаѓаат како одговор на загриженоста за стеснувањето на образовниот систем во Велика Британија и исклучувањето на креативноста и барањата да се одредат приоритети во академските предмети.

Учесниците на кампањата тврдат дека таквиот систем на многу млади луѓе им оневозможува да имаат креативни кариери. Но, Шлајхер вели дека премногу тесниот курикулум може да ја намали подготвеноста на младите за барањата на иднината. Тој кажа дека британските училишта во голема мера креативните вештини ги сметаат инфериорно во однос на знаењето и се фокусирани на традиционалните задачи како што е меморирањето.

„Кога ќе ги погледнете видот на задачите што британските ученици подобро ги изработуваат од учениците од други држави, ќе видите дека тоа се задачи кои повеќе се врзани за минатото отколку за иднината, работи кои лесно се учат и лесно се тестираат. Токму оние работи што е лесно да се дигитализираат. Современиот свет не ве наградува за она што го знаете, туку за она што може да го направите со тоа што го знаете“.

Извор: ravnododna.com

ОкоБоли главаВицФото