Изложба на графики од Илија Пенушлиски во Акантус

06.06.2019 01:22
Изложба на графики од Илија Пенушлиски во Акантус

„Градот“ е насловот на новата изложба на графики од познатиот Илија Пенушлиски која ќе биде отворена на 7 јуни во галеријата „Акантус“, од 19 часот.

Изложбата ќе биде отворена за публиката до 26 јуни.

„Познавам раскошни градови. Сум видел и грди градови. Го знаев и го сакав Скопје. Сликам градови со децении. Ме опседнуваат. Од магијата на градот не можеш да побегнеш. Градот поседува моќ да те зграпчи, да те направи вљубеник, да те зароби или пак да те фрли во очај.

Градот не е само глетка, не е само урбан простор. Градот ти се отвара зад секој нов агол и се шири низ напластените времиња. Градот може да биде континент што мами да го истражуваш повторно и повторно, до бескрајот на непознатото за да се пронајде новото’“, вели Пенушлиски.

ОкоБоли главаВицФото