Промоција на „Да не останам покусо“ од Ѕвездан Георгиевски

07.06.2019 16:48
Промоција на „Да не останам покусо“ од Ѕвездан Георгиевски

Во „Салон 19,19“ во Културно-информативниот центар вечерва од 19,19 часот ќе биде промовирана книгата „Да не бидам покусо” од новинарот, колумнист и писател Ѕвездан Георгиевски.

Се работи за збирка од 70-ина куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на родоначалникот на овој жанр – Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.

Ѕвездан Георгиевски (1961, Јесенице) работел како новинар, колумнист и уредник во повеќе редакции. Основач е на првото приватно радио во Македонија, „Канал 4“, превел десетина книги, главно од јазиците на поранешна Југославија, уредил неколку зборници, литературни и публицистички дела. Во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“. Книгата раскази „Да не бидам покусо“ е издание на „Просветно дело“.

 

ОкоБоли главаВицФото