Словенија со Устав забрани продажба на изворите на вода за пиење

10.06.2019 00:56
Словенија со Устав забрани продажба на изворите на вода за пиење

Словенечкото Собрание со нов уставен амандман го прогласи правото на питка вода за основно човеково право. На овој начин, практично се оневозможува приватизацијата во оваа област, бидејќи само државата може да управува со изворите и другите водни ресурси.

Во новиот член 70А од Уставот се наведува дека секој граѓанин на Словенија има право на питка вода, дека водата е јавно добро под управа на државата, и дека изворите на вода пред се и трајно треба да служат за снабдување на населението со питка вода и вода за домаќинствата. Поради сето ова, водните ресурси не можат да бидат предмет на продажба.

Извор: Радио Слободна Европа

 

ОкоБоли главаВицФото