Јас да сум градоначалник

10.06.2019 01:05
Јас да сум градоначалник

Јас да сум градоначалник, би имала советници кои ќе ме шамараат на секоја глупа идеја...

Јас да сум градоначалник би ги срушила дискотеките во Парк.

Јас да сум градоначалник не би дозволила изградба на Забавен Парк во зелената оаза на главниот град, туку истата би ја проширила... до недоглед!

Јас да сум градоначалник, забавниот парк и сите придружни панаѓури шо тој ги повлеквит, како и дискотеките би ги направила надвор од градот, со доволно паркинг простор (или некаков организиран превоз), каде навистина ќе бидат забава и не на штета на останатите жители, таму некаде, кадешто нема да пречат никому, ниту на луѓето, ниту на животните.

Јас да сум градоначалник, би забранила пристап до Градскиот парк со автомобили. Најстрого би забранила сè што би ја нарушило хармонијата.

Јас да сум градоначалник би изградила огромна стаклена библиотека во Градскиот парк. И ботаничка градина.
И детски креативен центар. И една џиновска галерија. И една музичка сала. И секаде би се стасувало исклучиво пешки и на велосипед.
И со тоа би се фалела.

Али, пошто не сум, ми останува само да се пофалам дека денес од 11ч метеме карши Влада!

 

 

ОкоБоли главаВицФото