Збогум Инука: умре последната поларна „тропска“ мечка

11.06.2019 01:20
Збогум Инука: умре последната поларна „тропска“ мечка

По носорогот кој беше единствениот примерок во светот на северните бели носорози, минатиот месец во зоолошката градина во Сингапур исчезна уште еден животински вид: Инука - последната „тропска“ поларна мечка.

Инука беше маскота во сингапирската зоолошка градина а почина од болест поврзана со нејзината старост. Таа била родена 1990 година во зоолошката и со 27 години, за цела деценија го надживеала просечниот век на овој вид мечки.

Инука имала повеќе болести, речиси воопшто не можела да се движи и Зоолошката одлучила повеќе да не ѝ го продолжува животот за да не се измачува.

Инаку, името „тропска“ мечката го добила затоа што живеела во климатизиран простор како резултат на пошироката програма за нега што ја има Зоолошката градина во Сингапур, така што беше првата и единствена поларна мечка што се родила и живеела во тропски услови.

Извор: petface.net

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото