1029 hPa
32 %
18 °C
Скопје - Вто, 05.11.2024 12:59
Во натпреварот за големиот пехар на Историјата, навивам за Бугарите, зашто само нивната победа може да ги соочи Македонците со вистината за себе, односно со катастрофата на лажните митови кои се обидуваат политички да им се концептуализираат во современи вистини. Во смртта што ги има очите на ВМРО. Само Бугарите, сакам да кажам, можат да не ослободат од нас. Натпреварот тука влегува во зоната на врвното терапевтско дејство на цинизмот и иронијата. Башка што освен конструкции и возбудливите телевизиски фељтони на Владо Поповски, добро, и по некои зрно што како некоја кокошка ќе го клукнеме на големото гумно на Историјата, македонската страна нема што да понуди, па, речиси, се таму некаде до 1941 година. Нашиот спас е во нашиот пораз.
Бранко Тричковски, Фејсбук, 10.06.19.