20 години затвор за спасување мигранти

12.06.2019 01:03
20 години затво за спасување мигранти

Пиа Клемп е 35 - годишна Германка сопственичка и капетан на брод, кој ѝ бил запленет во 2017 година од италијанските власти со обвинение дека помагала на „илегалната миграција“ исто така ѝ била издадена и забрана да плови покрај италијанското крајбрежје. 

Денес, таа се соочува со долго и тешко судење кое може да заврши и со 20 години казна затвор заради нејзинито ангажирање во спасувањето на луѓето што од Африка, преку Медитернот се обидуваат да стигнат до Европа во потрага по азил.

Неодамна во интервју, Клемп изјавила дека ја фрустрира долгогодишното судење што ѝ претстои зашто за него ќе ѝ бидат потребни многу пари, кои би можеле да се употребат во мисиите за спасување. „А најлошо од сè е тоа што мисиите за спсување се криминализирани“, изјавила Клемп.

Барањето азил е основно човеково право, а моментално умираат околу 15 отсто од луѓето што го проаѓаат Медитеранот од северна Африка. Да се каже дека помагањето на тие луѓе е криминално дело е парадокс на грозната европска миграциска политика, зашто непомагањто води право кон смрт, смета Клемп.

Неодамна адвокати за човекови права ја тужеа Европската унија заради смртта на либиски мигранти, кои се обиделе да го поминат Медитеранот, тврдејќи дека токму политиката на Европската унија, а не луѓето како Пиа Клемп е виновна за изгубени илјадници животи. Групата адвокати бара од Меѓународниот казнен суд (ICC) да ја истражи оваа политика на ЕУ.

Повеќе од 70 000 луѓе ја потпишале петицијата со барање Италија да го повлече обвинението против капетанката Клемп и другите членови на посадата кои спасиле илјадници бегалци и мигранти од сигурна смрт во водите на Медитеранот.

Петицијата може да ја потпишете овде.

Извор: H-Alter

ОкоБоли главаВицФото