Сигурност

12.06.2019 07:56

Веќе имало ваков испит по историја
кога заедно сите ученици паднале.
И останале по нив гробиштата за почит.

Не сме сигурни да имало испит.
Не сме сигурни да паднале сите.
Сигурни сме, од нив се останати гробиштата за почит.

Веќе имало ваква љубов.
Ама не сме сигурни оти нашата била.
Веќе имало вакви луѓе.
Ама не сме сигурни ние да сме биле.
Веќе имало вакви летачки птеранодони.
Ама не сме сигурни во нашиве времиња ли.
Веќе имало ваков јазик.
Ама не сме сигурни со него ли сме зборувале.
Веќе имало ваков молк.
Ама не сме сигурни дали меѓу нас.
Веќе имало крај на светот.
Ама не сме сигурни на нашиот ли.

И по него останале гробиштата за почит.
Сигурни сме оти по него се останати гробиштата за почит.

Превод: Милица Миркуловска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото