Урбана акција: Се крадат велосипеди, полицијата не ги наоѓа

13.06.2019 11:46
Урбана акција: Се крадат велосипеди, полицијата не ги наоѓа

Во центарот на Скопје утрово се појави гигантски велосипед. Урбаната уметничка акција „Гигански велосипед“ има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но, за жал, многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја ситуација.

Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на речиси секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000. велосипед.

Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Урбаната акција „Гигантски велосипед“ е дел од активноста Креативни заедници спроведувана од тимот на Центарот за современти уметности (ЦСУ) - Скопје, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

ОкоБоли главаВицФото