Искушение

13.06.2019 14:43

Ти ветувам дека ќе те сторам пожив
одошто некогаш си бил.

Првпат ќе си ги видиш и порите отворени
божем рибји усти и ќе си ја чуеш крвта
како ромори низ комори
и ќе ја сетиш светлината како се лизга врз рожницата
небаре опашка на фустан; првпат
ќе го почувствуваш убодот на гравитацијата
небаре трн в пета,
а плешките ќе те заболат
поради заповедта на крилјата.

Ти ветувам дека ќе те сторам толку жив
што правта што паѓа од мебелот ќе те замелуши
и ќе си ги сетиш веѓите
небаре две новостекнати рани,
а сеќавањата ќе мислиш дека ти отпочнуваат
со настанокот на светот.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото