Животни и луѓе

14.06.19 02:19

Супер креативниот мистериозен илустратор од Јапонија создава свет како ниеден друг. На социјалните мрежи, уметникот е познат како Ariduka55 и се чини дека тој најмногу ги сака мачките. Има многу други мили животни како панди, зајаци, ракуни и кучиња и сите се џиновски. 

„Светот во кој може да спиеш на џиновска топка од крзно е свет во кој нема да мора да работиш. Совршен свет", вели тој.

Во тој свет на јапонскиот илустратор, луѓето се минијатурни, а животните се големи колку  зградите. Свет во кој мачката може да се растаѓи и да плаче и потоа да го прегрне нејзиниот малечок човек за да се утеши. Атмосферата на неговите слики е главно мирна или преполна со емоции. Сонцето често поминува низ дрвјата и другите елементи што ја претставуваат секојдневната убавина. За разлика од западната култура, во Јапонија, ако црна мачка ви го пресече патот тоа се смета за добар знак. Затоа има многу црни мачки, како симбол на среќа  во илустрациите на Аридука55.

Извор: Bored panda

Слични содржини

Уметност / Око
Уметност / Око / Историја
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото