Повик за креативна работилница за писатели од западен Балкан

14.06.2019 13:24
Повик за креативна работилница за писатели од западен Балкан

Сакате да ги споделите вашите дела со писателите од западен Балкан? Сакате да слушнете што кажуваат за пишувањето Румена Бужаровска, најпродаваната присателка на раскази од Скопје и Миња Богавац, наградуваната белградска драмска писателка?

Го гледате ли јазикот како мост меѓу луѓето?

Покануваме 8 млади писатели (до 40-годишна возраст) од Црна Гора, Србија, Косово*1 и Северна Македонија да учествуваат на писателската работилница „Write the Change“ за заединичи да ги обработиме жешките теми поврзани со минатото и традицијата и различните перцепции на заедничкиот балкански начин на размислување. Знаеме дека има многу интересни приказни што треба заедно да ги напишеме!

Бараме силно мотивирани млади писатели кои ќе ги истражуваат заедничките традиции и размислувања ширум балканскиот регион. Во текот на работилницата ќе имате прилика да работите на сопственото пишување и да придонесувате за работата на групата. Конечен производ на работилницата ќе биде збирка на кратки раскази и игри составени од сите учесници, кои на крајот на годината ќе бидат промовирани во различни градови во регионот.

Ако сте заинтересирани за соработка со други писатели и работа на кратки раскази и драми, испратете ги вашата биографија и „дијалогот“(види подолу) на writethechangeproject@gmail.com до 15 јули 2019 година.
Би сакале да прочитаме што имате да кажете за темата „старо“ (она што ве инспирира) во облик на дијалог до 200 зборови. Биографијата и дијалогот испратете ги на англиски јазик.

Успешните апликанти ќе се придружат на работилницата која ќе се одржи во Црна Гора (Ада Бојана) од 13 до 19 септември, а ќе ја водат предавачите: Румена Бужаровска, писателка од Скопје, и Миња Боговац, драмска писателка од Белград, како и водителот и модератор Срѓан Миљевиќ, писател на кратки раскази и мировен активист од Белград.

Организаторите ги покриваат трошоците за сместување (двокреветни соби), храна и превоз. Иако јазикот на кој ќе се одржува работилницата ќе биде англискиот, силно ги поттикнуваме да се пријават и писателите кои немале прилика да пишуваат на англиски јазик.

Работилницата Write the Change е регионален проект кој вклучува четири организации (Пункт, Црна Гора, како водечки организатор, Иницијатива на млади за човекови права, Косово*, Издавачка куќа Темплум, Северна Македонија, Кластер Арт, Србија). Проектот е поддржан од Western Balkans Fund со наслов: „Writing as a Tool for Intercultural Dialogue“.

ОкоБоли главаВицФото