Вечер на раскажување квир приказни - Срамота!

14.06.2019 13:57
Вечер на раскажување квир приказни - Срамота!

Вечерва (14 јули), со почеток во 21 часот, во Кино Култура ќе се одржи Вечер на раскажување Квир приказни - Срамота!

„Како и секоја година, модераторки на вечерта се нашите пријателки од ПичПрич - Румена Бужаровска и Ана Василева.

Неколкумина раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера (Наташа Мешковска, Предраг Јовановски, Биљана Секуловска, Мирко Попов, Јелисавета Благојевиќ, Гуѕим Нухиу) раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам што ја обележал нивната општествена ненормативност – оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и се трансформира, исмеаниот станува исмевачот – срамот се враќа назад кон оние што занесени
во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција и да понижуваат.

Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа. Наместо сведнатата глава и преплавувачкото црвенило, пркосиме. Наместо неподносливото задушување навнатре во себе, експлодираме од смеа“, најавуваат организаторите.

Срамота! е дел од седмиот по ред Викенд на гордоста Скопје, фестивал за квир култура и уметност. Носечката идеја зад Викендот на гордоста 2019 е GLITTERING WOUNDS (Светкави рани), а се одржува во периодот од 7-9 јуни и 14-15 јуни во Скопје.

Деталната програма на фестивалот може да ја проследите на овој линк

Скопскиот викенд на гордоста 2019 е реализиран со несебичната поддршка на Heinrich Böll Foundation, ФООМ, Европската унија, Амбасадата на Кралството Холандија и CIVICA Mobilitas.

 

ОкоБоли главаВицФото