Зошто децата треба да ги користат прстите кога учат математика

17.06.2019 01:18
Зошто децата треба да ги користат прстите кога учат математика

Речиси сите деца учат да бројат со помош на прстите. Но, како што стануваат постари, а математичките проблеми посложени, броењето на прсти често се обесхрабрува или се доживува како помалку интелигентен начин на размислување. Меѓутоа, наставниците и родителите кои го забрануваат користењето на прстите при броењето можеби на децата им го оневозможуваат јакнењето на мрежите во мозокот.

Професорката од Универзитетот Станфорд, Џо Боалер, во списанието „Атлантик“ пишува за невролошките предности на користењето на прстите кое може да придонесе за напредно размислување во вишата математика.
Според новите истражувања на мозокот, забраната за користење на прстите при броењето е како да го запирате математичкиот развој на учениците. Прстите се еден од нашите најкорисни визуелни помагала, а подрачјето на прстите во нашиот мозок добро се користи и во периодот на зрелоста. Потребата и важноста на перцепцијата на прстите можно да е причината што пијанистите и другите музичари покажуваат поголемо математичко разбирање од луѓето што не учеле да свират на некој музички инструмент.

Боалер развила истражување и курикулум како поддршка за поинтересен начин на подучување математика со примена на визуелно размислување, броење и повеќе математички развиена состојба на умот. Нејзината програма „YouCubed“ на Универзитетот Станфорд им помага на учениците и на наставниците да ги надминат пречките во учењето математика. Математичката анксиозност е добро документирана како препрека за учење математика, па Боалер создала поширок пат за учениците но и за возрасните да ја развијат љубовта кон математиката. Тој вклучува повеќе визуелни и креативни работи, што е вовед во развој на апстрактните идеи, а не само алатка за гледање и ширење на математичките идеи и јакнење на мозочните мрежи.

Извор: kqed.org

 

ОкоБоли главаВицФото