Надреализмот на секојдневното

18.06.19 02:34

Кинескиот сликар Женг Хонгксианг е роден 1983 година, првиот голем успех го постигна во Америка, а потоа во Азија.

Како современ уметник, Женг го усвојува интелектуалниот и имагинативниот модел за разбирање и толкување на современото општество во сите негови аспекти.

Неговите дела претставуваат длабока анализа на егзистенцијалниот парадокс и ја истражуваат дихотомијата и динамиката помеѓу поединецот и општеството.

„Како кинески уметник роден во 1980-те години, во интеракција со современото општество, во мене се раѓа амбивалентно чувство на затвореност и заробеност. Сепак, затворањето не е сосема сигурно, а заробеноста е противречна самата на себе... Сето тоа е вкоренето во нашите социјални конструкти, хиерахијата, поточно во суперструктурата“, вели Женг Хонгксианг, кој живее и работи во Пекинг.

Извор: booooooom.com 

ОкоБоли главаВицФото