Утре

19.06.2019 17:18

Во меѓупросторот помеѓу сонот и јавето
продира треперлива светлост
помеѓу склопените трепки
помеѓу спуштените ролетни
Знам: тоа се прикрадува утре
Утре кон кое треба да се патува долго долго
низ утринската магла
низ смогот над Сава
Тоа е утре што те дочекува на пероните за доаѓање,
кај црвената говорница
со нападните таксисти Циганите арамиите
Утре зашеќерено со снег во прав
Тоа е утре полно јата птици и празни колосеци
Утре што секој своето го носи со себе
замотано во мрсна хартија од бурек
Тоа е утре во кое се фрлаат вчерашните карти за трамвај
и се полнат џебовите со нови надежи
Утре што нѐ поткрадува за еден ден
прикривајќи ја измамата на сончевите зраци
и свежиот ветар
Тоа е огромно утре со лажливи обриси
Тоа неумоливо
подмолно утре
Тоа утре во кое ти не постоиш

Превод: Ѓоко Здравески

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото