Дали „оживеа“ со помош на ВИ

20.06.19 04:11

Како дел од изложбата по повод 115 години од раѓањето на Салвадор Дали, која е насловена „Дали живее“, отворена во мај годинава, во САД  со помош на вештачката интелигенција славниот уметник „оживеа“ и сега „директно“ им се обраќа на своите обожаватели.

Потребни биле 1000 часови да се реконструираат движењата, гестовите, начинот на говор, акцентот, движењето на очите и устата и уште многу детали. Научниците почнале од снимките на вистинскиот Дали. „Ова не е актер што го глуми Дали, ова всушност е вистинскиот Дали“, велат креаторите.

Но од каде потребата да се оживува уметникот починат пред 30 години. „За да ја разберете уметноста, треба да го запознаете уметникот“, вели директорот на Музејот на Дали.

А што вели самиот Дали? „Јас не верувам во сопствената смрт, а вие?“


Извор: Brut

 

ОкоБоли главаВицФото