Канада најави забрана за пластични производи за еднократна употреба

21.06.2019 03:57
Канада најави забрана за пластични производи за еднократна употреба

Загадувањето на животната средина со пластичен отпад е глобална „чума“, рече канадскиот премиер Џастин Трудо. Затоа, неговата земја ќе издаде забрана за пластика за еднократна употреба во 2021 година, објави тој.

Според шефот на канадската владата, со научна поддршка, навремено треба да биде составена прецизна листа на производи што треба да се забранат. Меѓу нив, најверојатно, ќе се најдат пластичните сламки, кеси, чинии и прибори за јадење.

Секоја година, на еден милион птици и повеќе од 100.000 морски цицачи им е загрозено здравјето или умираат поради пластиката, рече Трудо. „Да бидам искрен, како татко, имам проблеми да им го објаснам тоа на моите деца". Тој, исто така, смета дека е тешко да се објасни како пластиката можела да стигне во најдлабоките јами на Тихиот Океан и како на крајбрежјата испливуваат китови чии стомаци беа затнати со пластичен отпад.

38 килограми по глава на жител!

И во Европската унија, исто така, одредени пластични производи за еднократна употреба, како сламките,приборот и чиниите за јадење или чепкалките за уши, ќе бидат повлечени од од продажба во 2021 година. Германците се меѓу најголемите производители на пластичен отпад во Европа. Секој германски државјанин просечно произвел околу 38 килограми во 2016 година, беше објавено во „Пластичниот атлас“ минатата недела. Просекот во ЕУ изнесува 24 килограми.

За време на своето претседателствување со ЕУ следната година, Германија сака да работи на спречување на извозот на отпад во земјите во развој. Никој не може да им објасни на луѓето во Африка и Азија зошто кај нив се натрупува европскиот просперитетен отпад, рече неодамна германскиот министерот за развој, Герд Милер.

 Извор: DW

ОкоБоли главаВицФото