Пајакот без мрежа

21.06.2019 04:06
Пајакот без мрежа

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Горан Танчевски и Јосиф Јаневски.

 

Тања Аждаја
Толку добра журка беше што пајакот до мене не знаеше во чија пајажина се разбуди.


Горан Танчевски
Го барале пајакот од дома, ама не се јавил, немал мрежа.

 

Тања Аждаја
Епа они го знаеја кај Климентина, а он... Ама џабе збориш, нема спајде.

 

Горан Танчевски
Тоа што има пристап на мрежата на пајакот без лозинка е само мамка.

 

Тања Аждаја
Повеќе е баг отколку мамка, би рекла.

 

Горан Танчевски
Модерните пајаци користат оптички влакна за мрежата. Побрз е пристапот.

 

Јосиф Јаневски
Групњак.

 

Тања Аждаја
Неее, така ти изгледа дека четири од осум нозе му се со рамни стапала па малце му искачаат нанадвор.

 

Јосиф Јаневски
Спарени, или непар, тие осумте?

 

Горан Танчевски
Тоа шеар на мрежата значи групњак?

 

Јосиф Јаневски
Значи тоа е:
Шерана револуција.

 

Тања Аждаја
Шерана резолуција.


Слики: Steve Ditko, Amazing Spider Man

ОкоБоли главаВицФото