Инхибиции

21.06.2019 09:29
Инхибиции

 

 Турскиот фотограф Алп Пекер прави фотографии со кои се обидува да ги разруши разните инхибиции наметнати од општеството. За него, таквото ослободување води кон запознавање на сопствената моќ, сексуалност и идентитет.

Пекер вели дека чудникавоста е негова важна тема. „Кога еднаш таа чудникавост, толку често осудувана од општеството, ќе се фотографира и пушти во светот, таа не може да биде замолчена.“

Неговите фотографии се истовремено познати и апстрактни, обединувајќи ги луѓето во неочекувани композиции. Тој користи банални секојдневни предмети со кои ја истражува болката, меѓучовечките релации и улогите кои ни се однадвор наметнати. Преку уметноста тој изразува протест против опресијата во неговата земја и светот.

„Ја одбивам стандардизираната убавина. Го одбивам класичното чувство на болка. Одбивам правилен облик на семејство и љубовни врски. Одбивам правилно воспоставена среќа. Го одбивам човештвото ако човештвото е толку специфично стандардизирано и стереотипизирано.“

 

 

Извор: https://www.booooooom.com

 

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото