Песни од еден остров

21.06.2019 10:08

(…)
Кога некој заминува, шеширот со школки
што лете ги собирал
мора да го фрли в море
и да отпатува со виорна коса;
масата што ѝ ја спрострел на својата љубов
мора да ја сруши в море;
остатокот од виното што останало во чашата
мора да го пролее в море;
на морските риби да им го даде својот леб
и капката крв да ја смеша во морето;
својот нож добро да го зарие во брановите,
да ги потопи својата чевла,
срцето, сидрото и крстот,
и да отпатува со виорни коси!
И пак ќе се врати.
Кога?
Не прашувај.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото