Пајак паркира Буба во катна пајажина

21.06.2019 15:20
Пајак паркира Буба во катна пајажина

 

Правиме Ролан Ромен: Изабела Роси од брашното, Орнела Мути јајца, Селимович Меша филот, а Лајонел Меси све тоа.


Шо бе не ми веруеш? Инзаги напоље! Тоти ради машта!


Бурек четвртина па месо кртина пошо таков ми е биоритамот.
Тензија па пензија пошо таква ми е биоримата.


Јатките се здрави за појадок. И стојам зад тоа што го зобам.


PROMESкуитетна салама настанала од пушено ребро.


Го заменив лебот од бензинаш у плин, многу ми трошеше.


- Мамо, зошто е пршутата вака насечена, немаме пари за подебела?
- Танка ни било судено.


Прекини да ги грицкаш ноктите ќе си го расипеш ручекот.


Ништо не си спакува за јадење за по пат и жива се изеде.

- Што е предавањево?
- За детоксификација.
- Колку трае?
- 2 саати.
- Леле ќе се отрујам.


- Што прави температура у топломер?
- У жива.

 

Он: Магарето е криво!
Магарето: Он ме насамари!


- Добар ден, доаѓам од фирма за стапови.
- А што правиш ти во таа фирма?
- Ја застапувам.

 

- Што е тоа црното во хокеј?
- Не знам што е, но еве го п а к.

 

- Ја знаеш мувата Це-це?
- Вака на име не ми текнува, ама да ја видам сигурно ја знам.

Папагалчето долета дома после школо и тажно ѝ соопшти на мајка си: „Ќе ја повторувам годината“.
Таа го погледна и почна хистерично да реди: „Повтарачки папагал! Повтарачки папагал! Повтарачки папагал! Повтарачки папагал!“


Мислам дека полжавите со куќичка настанале кога им се смачило да се пакуваат на секое патување.


Некој му ја скинал антената на мајскиот бумбар и сега не можеме да добиеме вистинска слика за пролетта.


Полжавот што сакаше да вдоми маче ја изгубил куќата на коцка!


Толку добра журка беше што пајакот до мене не знаеше во чија пајажина се разбуди.


Пајак паркира Буба во катна пајажина.


Пчелката што продаваше прополиси за осигурување ја уапсиле од трутова инспекција.

 

Клукајдрвчето од паркот ќе биде дрвоодделенче од септември.

Колажи: Eugenia Loli

ОкоБоли главаВицФото