Секојдневниот живот во поранешна Југославија

22.06.19 01:04

Мартина Грлиќ е хрватска уметница, која е фасцинирана од историјата, како личната така и заедничката.

Таа во своите дела ги прикажува сцените од секојдневниот живот во поранешна Југославија: од мажите и жените кои работат во фабриките па до монументалните слики на кои се прикажани детските играчки, како мртва природа. Во нејзините фотореалистички слики. Мартина Грлиќ се занимава и со силните емотивни реакции што ги имаат гледачите на овие дела, кои се движат од носталгични до политички, и како тие ги одразуваат промените на вредностите во општеството.

Мартина Грлиќ магистрирала сликарството на Академијата за ликовни уметности во Загреб и е добитник на меѓународни награди.

Извор: artfucksme.com

ОкоБоли главаВицФото