Се зголемува бројот на потписници на отвореното писмо до Заев за МКЦ

22.06.2019 11:17
Се зголеми бројот на потписници на отвореното писмо до Заев за МКЦ

Се зголемува бројот на независни уметници, културни работници и организации кои се потпишуваат на отвореното писмо до премиерот Заев во врска со промените во управувачката структура на Младинскиот културен центар во Скопје. Во моментов тие се повеќе од 340 на број.

Во отвореното писмо се вели:

Почитуван г-дине Зоран Заев
Претседател на Владата на Република Северна Македонија,
Ви се обраќаме по повод најавените промени во управувачката структура на Младинскиот културен центар во Скопје. Не случајно ова писмо Ви е адресирано Вам, со оглед на тоа што неодамна најавивте суштински промени во Владата на РСМ, но и во голем број јавни институции во државата. Максимално ја поддржуваме потребата за прочистување и подигање на квалитетот на кадарот по државните и локални институции, кои очигледно се на мета на вашата популарно наречена „метла” и веруваме дека тоа го правите со желба за суштинско подобрување на ситуацијата во повеќето од нив. Но во овој случај чувствуваме граѓанска одговорност да Ви укажеме на сериозните негативни последици по кревкото битие на живата, автентична независна култура, до кои секако ќе дојде доколку го нарушите континуитетнот на работа на Младинскиот културен центар во Скопје.

Речиси една деценија МКЦ е дом и обединувачки фактор на македонската независна културна сцена. Тој е единствен простор каде што скопската и македонската алтернативна младина добива шанса уметнички и општествено да се изрази без да е обременета со комерцијални стеги. Континуитетот и развојот на МКЦ во последнава декада, но и реализацијата на програмските предизвици, е без преседан во современа Македонија, од осамостојувањето до денес. Конечно, МКЦ Скопје е една од ретките јавни институции, ако не и единствена, која комплетно успешно и без никаква злоупотреба си ја извршува својата работа.
Затоа господине Претседател на Владата на РСМ, упатуваме силен апел до Вас, МКЦ Скопје да биде одминат од вашата „метла” овојпат. Причината е едноставна: не се уништува она што функционира. Факт е дека моменталниот ВД директор, господинот Русе Арсов, е поникнат во МКЦ и најголем дел од неговиот работен век го помина во оваа институција. Неговото искуство и суштинско познавање на независната сцена и култура, неговата отворена и непречена поддршка кон културните работници, како и неговата соработка со успешниот тим на МКЦ се суштествени за продолжувањето на добрата работа на оваа институција. Континуираниот процес на работа е од есенцијално значење не само за македонската култура, туку и за општиот развој на вредностите на нашата општествена сцена.

Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде.
Почитуван господине Заев, ве молиме овој апел да го сфатите крајно сериозно и да не се сомневате во конструктивноста на нашите намери. Ние работиме со децении на независната сцена. Водени од желбата за напредок и повисок степен на култура, бевме на улиците кога тоа беше најпотребно за нашата земја и верувајте, на нив ќе се најдеме повторно ако има потреба. Било каква промена во МКЦ Скопје значи руинирање на еден од најсветлите континуитети во Македонија, брутален удар во нежното ткиво на независната сцена, со несогледливи последици во следните години, во кои токму таа сцена ќе мора да биде ваш, но и голем сојузник на земјава во нејзиното припојување кон Европската Унија. Доколку го нарушите овој фантастичен процес кој успеавме да го развиеме, ќе бидете одговорен не само пред двигателите на македонската уметничка свест на ова време, туку и пред историјата на нашата земја.

Независната културна сцена можеби не изгледа импозантно во вашите очи, вперени кон Брисел и Вашингтон. Но ние сите сме сепак тука, и тука ќе останеме. Затоа размислете.

Со почит,

Абдула Дениз, актер
Аврамовски Ристо (@ristoavramovski), архитект, илустратор
Азманова Наташа, архитектка
Алексовски Дарко, ликовен уметник
Алијевиќ Стефан, филолог
Алтипармаков Јане, Канал 103
Ангелевски Давид - Пиколомини, музичар, независна дискографска куќа Шарла
Ангеловска Ѕвезда, актерка
Андова Андријана, (@Dzoj)
Андова Шопова Николина, писателка
Андоновски Кочо, ЛГТБТИ Центар за Поддршка
Андоновски Милош Б, театарски режисер
Андоновски Петар, писател
Анѓелков Игор, издравач и писател
Антевски Петар, продуцент
Аранѓеловиќ Весна, ликовна уметница
Арсовска Сања, актерка
Атанасов Горјан,
Атанасова Иф Ивана, актерка, сценски автор, педагог
Атанасова Милена, модна дизајнерка
Ахмети Сафет, историчар на уметност
Ацевска Јана, дизајнерка
Баадер Боризовска Сања
Балдазарски Александар
Баракоска Мартина, музичарка
Башеска Ристовска Ирма, сценаристка и новинарка
Бегановиќ Сеида, писателка
Бендевска Ена, граѓанска активистка (Медуза)
Белчева Јана, советник во Општина Центар
Беќар Мира, професорка
Блажевски Предраг, Конект Фестивал
Близнаковски Јован, политиколог
Богдановски Матеј, ликовен уметник
Божурска Кристина, ликовна уметница
Бранковска Петра
Бужаровска Румена, писателка
Бузалкова Зоја, режисерка, Факултет за драмски уметности
Буневска Исаковска Калина, уредник (Блесок)
Васева Ивана, Факултет за работи што не се учат
Василева Ана, активистка, феминистка
Василева Јасмина, актерка
Василевска Ана, новинарка
Велјановска Петрула
Велковска Ема, дизајнерка
Велковски Атанас, монтажер
Велковски Филип, ликовен уметник
Вељановска Елена, Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики
Веселинов Благој, актер
Весов Горан
Ветероска Марија
Видовиќ Ема, биотехнолог
Вилиќ Небојша, професор
Вукобрат Тања, ликовна уметница
Вчкова Наташа, архитектка и сценографка
Гавровски Георги, независен уметник, претседател на Македонското братство на магионичари
Галевски Кире, фотограф
Гелевски Небојша, графички дизајнер
Гелевски Никола, писател и уредник (Окно и Темплум)
Георгиев Сергеј, режисер
Гешоска Искра, Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики
Голејшка Џикова Ана, поетеса
Гроздановски Живко, писател
Гунин Драгана, театарска режисерка
Дамјаноски Милан, професор
Делов Игор, графички дизајнер
Дерибан Љубен, музичар аматер
Димевски Филип, издавач
Димитријевиќ Ивица, актер МНТ, музичар, СИЗ/РИБ
Димитров Славчо, МАРГИНИ Скопје
Димитрова Биљана, културна работничка
Димитрова Калиа, граѓанска активистка (Медуза)
Димитрова Марија, продуцентка
Димитровска Катерина, музичарка
Димитровска Мила, архитектка
Димковска Симона, актерка
Димовска Лидија, писателка
Диџеј Гоце, Фанки Фреш
Диџеј Чваре, Фанки Фреш
Додовски Димитар, музичар
Дојчиновска Ана, Конект Фестивал
Доксевски Димитрија, актер
Доксевски Наум, кинематограф
Докузова Милка, архитектка
Драгшиќ Ивана, Плоштад Слобода
Дробицки Владан, музичар, НОБ, Сетстат
Дукоски Ивица
Дума Дина, филмска режисерка
Дурацовски Димитрие, писател
Ѓорѓевиќ Драгољуб
Ѓорѓиевска Јана, 3Д уметница
Ѓорѓиевски Никола, архитект и пејзажен архитект
Ѓорѓиевски Тонкин Ненад, музичар и ликовен уметник
Ѓурковска Каеска Весна, блогерка
Евтимов Синиша, режисер МНТ, музичар
Ефремова Инес, ликовна уметница
Жерносвки Велимир, ликовен уметник
Живковиќ Клелија,
Заревска Драгана, независна уметница
Зафировска Зорица, ликовна уметница
Зафировска Христина, ликовна уметница
Зафировски Борјан, филмски режисер
Зафировски Ѓоко, музичар, Нема лабаво, Дени те чува
Здравеска Драгица, наставничка по англиски јазик
Здравески Ѓоко, писател
Здравковска Џепароска Соња, професорка
Златановиќ Ирена, (@zlatnoslavejche)
Змејкоски Деан, музичар, Сусијат
Иванов Мартин, монтажер
Иванова Тамара, ликовна уметница
Ивановска Ана, ликовна уметница
Ивановска Христина, ликовна уметница
Ивановски Дејан, архитект
Ивановски Иван, ликовен уметник
Игновска Калина, ликовна уметница
Игновски Павле, Македокс, Театар Навигатор Цветко
Илијоска Ели, (@_Dosetko)
Илиоска Викторија, кореографка и изведувачка
Инџевска Славица
Исаковска Сара
Јакимовска Јана, ликовна уметница
Јакимска Ана, режисерка
Јанев Марко, ликовен уметник
Јаневски Дамјан (@miopa_)
Јаневски Ѓорѓи, културен работник
Јанеска Мартина (Маца Мартина Паркет)
Јаниќиевиќ Срѓан, режисер
Јанковска Матеја МЈ, актерка
Јанковски Владимир, писател
Јанчевски Владимир, историчар на уметност
Јанчовски Тихомир, писател
Јаќоски Слободан
Јованова Ива, музичарка аматер
Јовановиќ Доријан, музичар, Стринг Форсис, Чалгија Саунд Систем
Јовановиќ Ѓорѓе, ликовен уметник
Јовановска Ана, визуелна уметница
Јовановски Филип, Факултет за работи што не се учат
Јованчевски Андреј, уредник и преведувач
Јолдевски Ненад, писател
Јорданов Дамјан, Конект Фестивал
Јордановска Бранкица, ликовна уметница
Јордановска Мери, новинарка
Јорданоски Мартин, актер
Јосифовска Дуфне Марта, костимографка
Јосифовски Оливер, Љубојна бенд
Југрева Ана
Јусуф Сара, актерка
Кајевски Славиша, актер
Камиларовски Благоја, музички артист
Карахасан Амир, ликовен уметник
Карахасан Самир, ликовен уметник
Караѓозовски Филип, архитект
Караџовски Христијан, кинематограф
Каровска Чемерска Драгана
Качакова Виолета, Локомотива центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Кирковски Бојан, актер
Киселички Калија
Климоска Сара, актерка
Коалиција МАРГИНИ Скопје
Ковачевска Деспина
Котевска Билјана
Коцевска Ивана, балерина и кореографка, НОБ
Коцевска Јана, ЗГ за промоција на женската активност Тииит! Инк. – Скопје
Кочовски Иван, правник
Кнежевиќ Ана, филолог
Крајчевска Билјана, драматург
Крстевски Љупчо, професор по книжевност и преведувач
Крстески Ѓорѓи, ликовен уметник
Кујача Николина, актерка, МНТ
Куновска Софија, актерка
Куч Џано, музичар
Лазаревска Ана, уметница
Леловац Кристина, актерка
Лембанов Андреј, кинематограф
Лошкова Драгана, актерка
Лукаш Владимир, ликовен уметник
Љума Самир, кинематограф
Максимова Нина, актерка
Малеска Калина, писателка
Манасиевска Анастазија, графичка дизајнерка
Манев Мартин, актер
Маркоска Милчин Ема, преведувачка
Мартиновски Владимир, писател
Мaглешов Васко
Менкиноски Иван
Миливојевиќ Ангела, Конект Фестивал
Милјановски Петар, Конект Фестивал
Миловановиќ Доријан
Милошевска Вера, Љубојна бенд
Милошески Слободан, ликовен уметник
Милчин Владимир, професор и театарски режисер
Мирчевска Ивана, ликовна уметница
Мирческа Даниела
Митевски Ненад, актер
Митковски Оливер, актер, МНТ
Митревски Сашо, музичар, Милко
Михајлова Ина, графичка дизајнерка
Мицевски Сашко Потер, монтажер
Мицковски Ивор, новинар
Мославац Карло, Конект Фестивал
Муча Нита, историчарка на уметност и археолог
Набаков Дарко, актер
Набаков Раде, граѓански активист
Најдовски Маријан, организатор
Наумоска Касиопеја, ликовна уметница
Нелковска Ивана, драматург
Несторовиќ Теодора
Нечовски Љупчо
Нешоски Доротеј, ликовен уметник
Низамовска Бојана, група Џун
Николиќ Нина, театарска режисерка
Николовска А. Кирјана
Николовска Драгица, архитектка и фотографка
Нихиу Гуѕим, граѓански активист
Ничевски Миле, ликовен уметник
Огненовски Сашо, актер
Омерагиќ Дени, музичар, Светлост/Палиндром
Ориѓанска Магда, преведувачка
Павлаковиќ Ивана, актерка
Пазарџиевска Ристовска Елена, архитектка
Панзов Златко, преведувач
Папиќ Манчева Андријана
Пармаковска Фросина, писателка
Пармаковски Златко (@parmakovski)
Пејовски Александар, композитор
Пејовски Даријан, режисер
Перо Ана, Конект Фестивал
Петковски Филип, магистер по кореологија
Петрова Благица, граѓанска активистка
Петровиќ Наташа, актерка
Петровиќ Предраг
Петровиќ Раша, филмски режисер
Петровски Димитар, редовен посетител на концертите на МКЦ (@Dmee82)
Петровски Зденко, фотограф
Петровски Иво, писател
Петруловска Барбара
Петрушевска Јакимовска Весна, пијанистка во пензија
Пировска Уранија, Хелсиншки комитет за човекови права
Платнар Македонка Маја
Плачкова Оле, социјална работничка
Попов Мирко, музичар, независна дискографска куќа ПМГ Рекордингс
Поповски Данчо, музичар, група Џун
Прокопиев Илија, ликовен уметник
Радиноска Билјана, театарска режисерка
Ризова Дарја, актерка
Ристевски Зоран, диџеј
Ристеска Елена, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Ристеска Јоана, музичарка
Ристески Никола, актер
Ристовски Александар - Принц, музичар
Ристовски Владимир
Ристоска Тамара, актерка
Рубен Виктор, продуцент
Садику Артан, граѓански активист
Саздов Данчо, група Џун
Саздовски Александар, КулПоп (@sazspasm)
Сали Ертунч, ликовен уметник
Сандревски Александар, диџеј
Сарагиновски Денис, визуелен уметник, ОПА
Селишкар Петра, МакеДокс
Синаноска Филис, музичарка
Симонов Јордан, актер, режисер, МНТ
Симоноска Павлина, Хелсиншки комитет за човекови права
Симоска Сања, ликовна уметница
Симоска Сара, архитектка
Смилевска Марија, ликовна уметница
Сотировска Марија, ликовна уметница
Спасиќ Јане, театарски режисер
Спахиу Јанчевска Јехона, историчар на уметност, конзерватор, советник
Спировска Симона, актерка
Спировски Бранислав, новинар
Спировски Нинослав, музичар, Светлост
Ставрески Ѓорче, режисер
Стаматовска Нешоска Ивана
Стевовиќ Ненад, уредник и издавач (Или-или)
Стевчевска Слободанка, визуелна уметница, ОПА
Степанулески Александар, актер
Стефановска Инес, ликовна уметница
Стефаноски Мики, дизајнер (@thisiskiosk)
Стојанов Дени, актер
Стојанова Марија, претседателка на Арт Еквилибриум
Стојановиќ Милош, културен работник
Стојаноска Ана, театролог
Стојановски Давор, писател
Стојковски Марко, независен издавач, Кран рекордс
Сулејман Неслихан, ликовна уметница
Сулимановиќ Љубиша (@sulimanovic)
Талевска Ирина, филолог
Тасевски Филип, независен уметник, дискографска куќа 69 Рекордс
Теодосиева Наталија, актерка
Томиќ Радевска Дијана, ликовна уметница
Танурова Тасевска Александра, новинарка
Тануровска Ќулафковски Билјана, Локомотива
Тасева Петра (@pifpufpaf)
Театар Навигаторот Цветко
Трајаноска Ивановска Маја, преведувачка
Трајковиќ Немања, ликовен уметник и дизајнер
Трајковска Билјана, медиа менаџерка
Трајковски Јане, музичар, РИБ, Џун
Трујкановиќ Микица, ликовна уметница
Ќорвезироска Оливера, писателка
Улчар Исток Ј, писател
Ферро Бранд, Македокс
Ферро Миа, МакеДокс
Ферро Сара, Македокс
Филиповска Мирјана, историчарка на уметност
Филиповски Тошо, независна дискографска куќа Корпус Деликти Рекордс
Хаџи Панзов Емил,
Хаџи-Стефанов Ален, Џез ФМ
Хорват Магдалена, писателка
Христов Васил, режисер
Христов Драган, моден дизајнер
Христовска Ѓурѓица, Театар Навигатор Цветко / Локомотива
Цветков Филип, Конект Фестивал
Цветковиќ Ирена, Коалиција Маргини
Цекиќ Анета, професорка
Црвенковска Билјана, писателка
Чалоски Јане, ликовен уметник
Чочова Ели, ликовна уметница
Чочкова Ксенија, преведувачка
Чукалиев Димитар (@dimitarc)
Џидров Крсте Џиби, сценограф
Џокиќ Владимир, рапер
Шалдева Теа, музичарка, Галатеа
Шапков Иван, ликовен уметник
Шашевски Бојан, новинар
Шекутковска Дафина
Шемкоски Васил, илустратор, графички дизајнер
Шопов Иван, писател
Шопова Наташа, графичка дизајнерка
Шурбановски Костадин, Канал 103
@Carevata_Kerka
@CaerbannogOf
@filterlabel
@grof_Zarkoff
@Hejterot_
@KateMagritte
@MarrljaS
@Nepismen300
@Serkme_
@stoniranoezhe
@tomis1aw
@zivotnaulica

*Потпишаните личности кои работат во одредени организации или институции го изразуваат својот личен став, не ставот на организацијата/институцијата

 

ОкоБоли главаВицФото