Кој уште верува

24.06.2019 17:18

Кој уште верува
дека на оној свет
нè чекаат корални дрвја
и птици што пеат тајни
и одвреме-навреме нурнуваат
со своите клунови краци
во розовата вода,
кој уште верува
дека тие ќе нè одведат
до мирисите
на скршените бадемови коскички
и белите корења на ретките билки?
Ах, смртта
на бибер и мајоран ќе мириса
оти претходно кај бакалот
на тезга седела,
бакалот што од сребреникавата опашка
на харингата се задушил.

Превод: Ѓоко Здравески

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото