Колажни разубавувања

25.06.19 10:44

Ула Јокисало креативно го предизвикува начинот на кој општеството ги претставува стереотипите. Нејзини алатки се состојат од игли, шпенагли и конци, комбинирани со состави од исечени слики од женски списанија што мајка ѝ ѝ ги носела кога била дете, како подароци од странство.

Овие списанија евентуално започнале да ѝ стануваат потсетници за невозможните идеали кон кои се очекува да се стремат мажите и жените, оформувајќи го сировиот материјал од кој подоцна ќе создава. Јокисало ги користи и нејзините фотографии од детството. Таа ги конструира овие единствени дела со зашивање на нејзините спомени врз избраните позадини.

Нејзините илустрирани, уникатни книги се мали колажни креации во кои меша фотографии со цртежи и акварел. Овие илустрации создаваат глатко расклопливи наративи. Сите заедно рефлектираат долгорочна посветеност на внатрешно себе-промислување преку кое ги реинтерпретира родовите категории.

Процесот на авторката при создавањето на делата е еднакво важен како и конечниот резултат. Нејзиниот метод е бавен и промислен, внимателна и прецизна рачна изработка. Пристапот на Јокисало е сличен на Луи Бoржоа во однос на начинот на коj концептуализира што значи за жената да биде субјект наспроти објект во уметноста.

Зачекорувањето во нејзиното студио изгледа како да сте се транспортирале назад во времето. Внимателно архивирано, исполнето со нејзините собрани предмети, наместени на полиците, спремни за употреба, како тоа да се зборовите во нејзиниот креативен јазик. Издолжени, излупени гранки потпрени на ѕидовите чекаат да бидат обвиткани во црна свила и вметнати во мал детски чевел. На останатите ѕидови има креденци, секој со обележани кутии, исполнети со важни нешта кои ги собирала низ својот живот. Самата соба е како огромен колаж кој чека да биде составен. Сѐ е таму за набљудување. Но, клучот за отклучување на тие персонализирани мистерии може да се пронајде во очите. Заменувајќи ги сопствените со оние на мајка ѝ и баба ѝ, прозорците кон нивните души, ги пренесув тие семејни тајни од генерација на генерација.

Извор: https://helsinkischool.fi

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото