Промоција на „Сеир и ништо“ и „Гајле синема“

26.06.2019 13:05
Промоција на  „Сеир и ништо“ и „Гајле синема“

Книгоиздателството Темплум утре во „Винил“ во 19.30 часот ги промовира книгите „Гајле Синема“ од Тања Аждаја и „Сеир и ништо“ од Брадестиот Џо и Тања Аждаја.

На промоцијата, освен авторите и уредникот на Темплум, Никола Гелевски, ќе настапи и групата „Осумте на речници“ (Оливера Ќорвезироска, Владимир Лукаш, Ана Голејшка Џикова, Трајко Џиков, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Моника Силјановска и Синоличка Трпкова).

Повелете на настанот, почитувани читатели! На промоцијата комплетот од две книги ќе можете да го купите по цена од 500 денари. Притоа ќе добиете беџ за подарок.

Во продолжение пренесуваме неколку цртежи од книгата „Сеир и ништо“.

ОкоБоли главаВицФото