Таткото на слепата ќерка

26.06.2019 17:28
Виц икона

Татко имал слепа ќерка. Барал лек насекаде и на крај очаен отишол кај една видовита жена да бара лек. Видовитата му рекла дека неговата ќерка ќе прогледа, кога таткото ќе умре.

„Јас мојот живот си го изживеав“, си рекол таткото, „барем ќерка ми да прогледа“.

Отишал човекот во кафеана и почнал да пие. Пиел, пиел, но не успеал да умре од пиење. Тргнал да со оди дома и си рекол: „Белки ќе помине некоја кола и ќе ме згази...“ Но не поминал ни еден автомобил.

„Изгледа нема да успеам денес!“, си рекол човекот и се вратил дома.

На портата го пречекала жена му со викање:

– Кај си бе ти, нигде те нема! Комшијата умре, а ќерка ни прогледа!

 

ОкоБоли главаВицФото