Асоцијација

27.06.2019 10:29

Тој рече „Котва“ - не во смисла на потпирање
или како идеја на општење со длабочината - ништо слично.
Довлечка една котва во својата одаја
и ја закачи за таванот, како полилеј. Сега, легнат, во ноќта
ја гледаше таа котва во центарот на таванот знаејќи
дека вертикално над таванот продолжува нејзината верушка
и придружува високо над неговата глава
среде спокојната површина еден голем, мрачен, импозантен кораб со изгаснати светла.
На палубата од коработ еден беден музикант
си ја извади виолината од футролата и започна да свири.
И тој со внимателна насмевка ја слушаше
мелодијата, пречистена од водата и од месечината.

Превод: Паскал Гилевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото