Групна изложба „Неименувањето е одговор“ од 26 јуни во Даут пашин амам

27.06.2019 10:34
Групна изложба „Неименувањето е одговор“ од 26 јуни во Даут пашин амам

Во Даут пашин амам од 26 јуни (среда) од 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Неименувањето е одговор“, чија кураторка е Ивана Васева.

Изложбата ќе се спроведува во соработка на Музејот на американска уметност во Берлин во соработка со Валтер Бенџамин Ели Га, (Њујорк/Стокхолм), Адриан Паци (Скадар/ Милано), Доплгенгер (Белград), Оливер Мусовиќ (Скопје) и Филип Јовановски (Битола/ Скопје).

„’Неименуваното е одговор’ е изложба за постојаниот отпор кон светот во кој живееме и е изградена од отпорни политички субјективности. Тие зборуваат за важноста на прекинот/ контестирањето со постоечките облици на знаење и делување како клучен за процесите на деколонизација на знаењето во рамките на институцијата на уметноста. Изложбата ги тестира границите на издржливоста, не во физичка смисла на зборот, туку во опирањето во границите на канонот и зададеностите од минатото, како и во естетската репрезентација, чии уметнички гестови понекогаш се јавуваат и како случајни настани или реакции. Таа на крајот зборува и за губењето на препознатливоста во идентитетот и преку тоа воведување на концептите на заедништво и солидарност“, стои меѓу другото во најавата за изложбата.

Делата се поставени помеѓу мрежа на материјали од меморијата кои треба да понудат дополнително значење на една повеќеслојна, повеќевременска и дијахрониска слика, која ни се случува и во моментов, овде и сега.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура.

Извор: https://www.radiomof.mk