1025 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 07:59
Знаете како, трансродовите лица маршираа на сите протести против девастираниот здравствен систем кој остава луѓе на перифериите да умираат како обичен вишок и измет (резервна армија на смртта, што би рекол другар ми Stanimir Panayotov). Протестираа со своите пријатели и поддржувачи и за малата Тамара, и за сите нееднаквости и против привилегиите во здравството. Затоа што една од основните заложби на транс движењето е универзален приста до здравствена заштита, ЗА СИТЕ, ПОДЕДНАКВО!!! Затоа што транс луѓето знаат што значи еднаквоста и лишувањето од истата, зашто знаат дека правдата не е селективност, зашто знаат дека НЕМА ПРИОРИТЕТИ кога е во прашање правото на живот, достоинствен живот, и пристап до здравство.
А вие? Што знаете вие? Каква правда застапувате вие, лицемери? Патетично немоќни луѓе кои немајќи никаков капацитет, сила, храброст и истрајност да се спротистават на инстанците на моќ, на вистинските кројачи на политики и животи, ја компензираат својата фрустрација од немоќ преку исфрлување на гневот и преку насилство врз уште послабите, врз најслабите.
Со вас не сме сојузници, зашто вие не се борите за правда и еднаквост.
Имате уште многу да учите од транс луѓето, и да им симнувате капа. Кога ќе научите, тогаш можеби пак заедно ќе се бориме за правда. До тогаш, ЧАО!
Славчо Димитров, Фејсбук, 28.06.19.