Циничниот третман на бегалците во Европа

29.06.2019 00:40
Циничниот третман на бегалците во Европа

Тоа што се крие зад моралните барања на ЕУ и како човек да се однесува во тој контекст, многу добро им е познато на луѓето во Северна Македонија. Долго пред стотици илјади бегалци од Блискиот Исток да стасаат во Германија и долго пред земјата да го добие тоа име, владата на Северна Македонија мораше да се вежба во таа дисциплина. Тогаш, пред речиси една деценија, наеднаш стотици граѓани на малата балканска држава поднесоа барање за азил во Германија. Германските диломати во Скопје тогаш одеднаш се алармираа, рекоа дека тоа не бива така. Што ли се случуваше тогаш? Па, стануваше збор за Роми од бедни населби. Често тие не ни бараа азил, туку само бесплатен лекарски преглед или пак да ја поминат зимата на топло. Како и да е, рекоа Германците, многу ни е жал, но проблемот мора да си го решите во Македонија. Што се однесува до Ромите, не сме расисти и не правиме разлики. Но, ако барањата за азил не се намалат, ќе мора повторно да воведеме визи.

Кога Ромите сакаа да дојдат кај нас

Последиците може да бидат избегнати. Од тогаш македонските полицајци по налог на Германија водеа сметка на границата кон Србија никој за кого се сомневаа дека би можел да бара азил во Белгија или Германија, да не ја напушти земјата. А, за кого се сомневаа? Просто кажано секој кој изгледаше како да е Ром. „Ти", ќе речеше граничарот, „излегувај од автобусот!" тоа секако беше противправно. Германците не смееја да знаат за тоа бидејќи нивната јавност реагира сензитивно на етничка дискриминација. Ако излезеше што се случува на границата ќе имаше фина опомена во следниот „Извештај за напредокот", годишното свидетелство во кое се констатира секоја повреда на стандардите од страна на земја со кандидатски статус за ЕУ. Во таквите стандарди човековите права се најгоре на листата. Германците не смееја да знаат. Тие всушност не ни сакаа да знаат. Две години подоцна ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир. На конгреси да се „дрндаат” хуманитарни фрази, а ноќе акција за да се чува грбот на богатиот Запад. Ете тоа брзо го научија политичарите од југоисточна Европа.

Кога денес на босанско-хрватската или турско-бугарската граница ноќе нелегално се враќаат бегалци од Сирија, или брутално се претепуваат и им се закануваат, публиката од Запад осетлива на човекови права, си седи нема. Во основа си мисли дека од секогаш било јасно оти луѓето од источна Европа имаат слабост за национализам и непријателство спрема странци. Само никој не сака тоа гласно да го изговори, бидејќи нели западната публика нема предрасуди на национална основа.

Германскиот „морален ваучер”

На циниците од власта во регионот двојните аршини им се добредојдени. Кај нивните западни циници тоа им оезбедува добра стартна позиција за да си обезбедат предност во некоја наредна прилика. Во земји пак кои имаат помалку искуство со западното лицемерие како на пример во Италија, таквиот парадокс потешко се поднесува. Или се прилагодуваш кон европските стандарди или заземаш политика на консекветнта борба против бегалците и уште се фалиш со тоа. Трет пат не постои, барем не на долг рок. Германија уште и успева да држи баланс. „Моралниот ваучер” за кој канцеларката се погрижи пред три и пол години се уште не е целосно потрошен. Но, се ближи денот и се поизвесно е дека тоа ќе биде триумфот на Трампизмот. Бегалската криза во 2015 година во Германија доведе до редок момент на увидување на фактите.

Со години претходно средоземноморските земји, особено Грција, беа препуштени сами на себе во задачата да се штитат границите на Европа – така барем се велеше тогаш со критика на своја сметка од владини кругови. Откако ја научија лекцијата, се бараше солидарност и еднаква распределба на бегалци. Солидарноста не се случи, но тоа не беше проблем - напротив. Германија наеднаш се најде во центарот на слабо осветлен ров од земји кои се непријателски настроени кон мигранти и бегалци. Благодарение на кордонот нема потреба од сопствената бруталност, а малите хуманитарни напори изгледаа уште позначајни. „Секој има право и обврска да помогне на луѓе во нужда,” изјавија од Берлин кога неодамна Италија во Средоземното Море откри спасувачки брод и се закани дека посадата ќе ја изведе пред суд. За правото и обврската за спасување само декларативно се залагаме и истовремено се погрижуваме на нашите зборови да не следат дела. Кога во иднина повторно ќе треба да се дели товарот од миграцијата, ве молам да се земе во предвид и моралниот аспект.

Норберт Мапес – Нидик живее во австриското гратче Грац и е дописник за Југоисточна Европа на голем број весници од германско говорно подрачје.

Слики: Tapio Mömmö

Извор: https://www.dw.com

ОкоБоли главаВицФото