Промовирани книгите „Гајле Синема“ и „Сеир и ништо“

01.07.19 00:13

Во четвртокот, на 27.06.19., во барот „Винил“ се случи промоцијата на книгите „Гајле Синема“ од Тања Аждаја и „Сеир и ништо“ од Брадестиот Џо и Тања Аждаја.

Истовремено беше отворена и изложба со цртежи на Брадестиот Џо. Изложбата во барот ќе остане уште неколку недели, а во „Винил“ можат и да се купат промовираните книги.

На промоцијата дојдоа стотина луѓе, атмосферата беше многу пријателска и поттикнувачка.

Зборуваа авторите на книгите, како и уредникот на издавачката куќа Темплум, Никола Гелевски.

Настапи и групата, специјално оформена за таа пригода, „Осумте на речници“ (Оливера Ќорвезироска, Владимир Лукаш, Ана Голејшка Џикова, Трајко Џиков, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Моника Силјановска и Синоличка Трпкова), која изведе петнаесетминутна „мала драма“, по текст на Тања Аждаја.

Во продолжение атмосферата од промоцијата ви ја пренесуваме со извонредните фотографии на Јелена Белиќ.