Првата парада на гордоста се одржа во Скопје

01.07.2019 10:34
Првата парада на гордоста се одржа во Скопје

Во достоинствена атмосфера и без инциденти во саботата, на 29.06.19., се одржа првиот протестен марш „Скопје Прајд“ во Северна Македонија. Целта беше да се сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста, стигмата, неприфаќањето и насилството со кои се соочува ЛГБТ-заедницата во земјата. Маршот практично се совпаѓа со 50-годишнината од демонстрациите во Њујорк познати како „Бунтот од Стоунвол" кои започнаа на 28 јуни 1969 година, што иницираше почеток на движења за правата на ЛГБТ-заедниците ширум светот.

Педесет години подоцна битката за тие права уште не е завршена во земјата и регионот. Токму поради тоа протестниот марш во Скопје доби поддршка и од активистите за ЛГБТ-права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чие присуството под боите на виножитото уште синоќа беше видливо низ градот. Под полициско обезбедување тие заедно со нивните македонски пријатели маршираа кон Градскиот парк, од каде испратија повеќе пораки, меѓу кои и клучната - „Љубов е љубов".
(Дојче Веле)

Знамиња, беџови и стикери во боите на виножитото, гости од странство и најмногу од поранешна Југославија, по некоја јавна или славна личност, новинари – онлајн и офлајн-активисти, две министерки и неколку амбасадори, многу полиција и бројна публика што стримаше од прозорците на околните згради.

По некој збунет лик на тротоарите и малку, навистина само неколку злобни клише-коментари и пцости од случајните минувачи.
Вака денеска изгледаше првата Парада на гордоста во Скопје организирана од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија. Повеќе стотици луѓе попладнево парадираа од Жена-парк, преку центарот и покрај Владата, па сè до Градскиот парк, каде што „прајдот“ прерасна во забава на платото пред популарната Школка.
(Призма)

Во продолжение пренесуваме триесетина фотографии од прајдот, од Ванчо Џамбаски.



Сите фотографии од Ванчо Џамбаски можете да ги видите тука

Слични содржини

Фотографија / Настан
Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Книжевност / Настан
Фотографија / Книжевност / Настан
Фотографија / Настан / Око
Фотографија / Култура / Настан
Фотографија / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото