1020 hPa
47 %
13 °C
Скопје - Пет, 13.03.2026 11:59
Зборовите достаточно прилегаат на камењата.
Може да изградиш спокојни живеалишта, со бел мебел, бели кревети,
доволно колку некојси да се досели таму или само
колку да се подзагледа надвор низ решетките на градината
во часот кога прозорците се палат со вишнева светлина, а на ридовите
бијат вечерните камбани, и по неколку минутки
испуштеното јаже на камбаната
самото удира по ѕидот.
Превод: Паскал Гилевски