1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 19:59
Толку битки, толку рани, толку чесни порази и победи,
толку ордени - му се покрија градите, натежнаа,
очите го заболеа од нивниот блескот. Тој се воомјази
да не би тоа да биде единствената светлина, која ќе свети
по дрвените скалила навечер, кога се враќа дома.
Се соблече, си ја остави униформата во долапот, ордените во кутичињата.
И замина да се запише доброволец - прост војник.
Никој не го позна. Го примија. Можеби таа
нова негова насмевка го водеше
накај возраста на доброволците.
Превод: Паскал Гилевски