Шмизлификација

27.10.2010 10:48
Шмизлификација

Да ви кажам искрено често ми се случува да грицкам нокти од вознемиреност за она што сум напишал или што не сум успеал да го допишам, или сум требало поинаку да го искажам, или можеби во поинаков редослед или...ме разбирате веќе. За разлика од тоа не ме вознемирува нашиот драг Мирко кој нешто ме трола по коментари, а јас, види ми ти и ферштина, не му одам за возврат на свирки да му плукам под тезга, ниту го мавам со Златно славејче по глава. Она што навистина ме нервира во сопственото пишување и крадењето од вашето време е што премногу ја дробиме политиката.

Ех, колку би сакал да ви поприкажам за сè она што и во овој наш македонски животец може да научиме од бравурозностите на Борхес, Еко, Кортасар, Кундера, нашите Блаже, Петре, Прокопиев, и редица други, ама за жал нашите драги ванаби Титовци решиле на еден, еве да не кажам тоталитаристички ами омнипрезентен начин, да нè дрват од тоа како треба да се сексаме, до тоа како треба да ја доживуваме геополитиката и историјата на цивилизациите. Е па, извини, сè додека ме р’чкаат во моите од Бога дадени слободи, сите ние на браникот на граѓанштината мора да ви враќаме. Сè додека нашиве локални гласила, кои себе си незаслужено се нарекуваат медиуми, ги третираат службениците на граѓаните како поп-ѕвезди ние ќе ги разголуваме, демантираме, демистифицираме и исмеваме. Да се дополнам со блага етимолошко-лексиколошка интервенција: зборот службеник е изведенка од слуга.  

Сè додека како општество не разбереме дека не е нормално да стоиме на глава затоа што тие така ни кажале, нашата работа не е завршена, ако за ништо друго, тогаш за одржување прост баланс во прилог на нормалноста.
 
Што би се случило кога ние граѓаните би се однесувале во секојдневниот живот како политичари? Во тек на една недела би изгубиле работа, пола пријатели трајно би нè напуштиле, роднините би се откажале од нас преку весници, промптно би банкротирале, жените и мажите би нè напуштиле, дечковците и девојките би нè откачиле, а да не зборувам за тоа дека би си се поиграле прилично сериозно со Ивица и Марица, за да на крајот на краиштата завршиме во „ќорка“. Ама види сега, ако си политичар сето ова пу-пу не важи. Лажи, кради, пери, носи, цицај, шкукај од народот, и пак мајчин ти се претставува како спасител, патриота, легенда, сè бе момци за во историја?
 
Што ако јас се однесувам како нив? Како би било жена ми да ми побара да купам кафе за дома, а јас да и’ одговорам, жено немам проблем, ќе биде што поскоро јас останувам посветен на процесот на купување кафе. Ма, има на клоци да ме изгони по пола саат! А ние позволивме да нè дрндаат дека 20 години се посветени на името, евроинтеграциите, реформите, корупцијата...Па, кај го има тоа мили мои?
 
 
Или, еве, на пример, ти се расипува купатило и не ти работи. Казанчето протекува, лавабото затиснато, таваницата капе...со еден збор дизастер. И ти сега наместо да поправаш купатилото, еден така есенцијален дел од живеачката, решаваш да правиш забавен парк во дворот, па редиш скулптури, капии, тркала, нишалки, песочни плажи и други забавни работи. Ете, ми се може, јас сум политичар.
 
Како би се однесувал еден водинсталатер кој би размислувал како политичар? Еве, го викаш да ти го среди купатилото, доаѓа со фанфари, ти го преорува купатилото, излегува по некои 4 години и му викаш, а бе го опрај ли купатилото, а он ти враќа мошне легитимно, морално издржано и самоуверено: Не, не го направив, у ствари лом го направив, и треба сега да си платиш, ова скапо ќе те чини другар. Ама чекај, како, зошто, па не ти плаќам! Види - ти враќа тој поткрепено со статистики, анкети и рејтинзи - овој мајсторот пред мене што ти го правел ова лом ти направил, не сум крив јас, ако сакаш полом и од ова да ти биде ти пак викни си го него.
 
Или замисли вака: одиш плаќаш и нарачуваш храна, а политичарот угостител ти вели: „Оди дома, нарачката ќе ти ја испорачам преку телевизорот“. Гледај и уживај! „Ааа“, јас восхитен, велам, „фала, да си благословен брат, има да те гласам едно 100 години!“
 
Во сферата на јавниот живот политичарите се првокласни шмизли. Видете ги само како се однесуваат како нив: налицкани, често и напудрени, со црни очила, со тачскрин мобиљки, се цепаат и кикотат по нашите кафулиња и ресторани. Тоа е нивниот живот, они да се шеткаат наоколу, да одат на шопинзи по светот, по можност како амбасадори, а ние да ги гледаме и да им се восхитуваме, ваууу....Ете затоа, мили мои, тоа што го гледате на скопските улици не се скуклтури на шмизли, тоа се се скулптури на незнајниот политичар.  
А и да ви кажам, многу би ми годело на ова суетичево мое кога некој во медиумите би го пренесувал мојот секојдневен живот на јавноста. И замисли, станувам во 12, пијам кафе со жена ми, одам по цигари во трафика, а вечерта на вести цели вести за мене, ма јавен сервис, ма таблоиди, ма женски списанија, сасо манге, сите за мене пишуваат:
 
„Копачот го започна својот ден точно во 12 часот по локално време. Откако оствари средба со неговата сопруга на нејзино барање, тој размени мислења околу моменталната економска состојба во земјава. Уште еднаш тој ја потврди својата посветеност за одржувањето на семејната благосостојба и развој. Подоцна изврши редовна посета на локалните малопродажни субјекти кои му се заблагодарија на сето она што тој долж годините има направено за нив“. И уште ме прашуваат медиумите, кои ви се омилените бои, а јас се топам и им прикажувам за улогата на тиркизната боја во моето детство. Лепота.
 
Фотографии: Маурицио Кателан

Vidi Kopach...gi chitam

Vidi Kopach...gi chitam tvoite tekstovi, poshto chitam Okno redovno. Ne mislam deka imash premnogu talent, no imas i nekoi pristojni tekstovi. SAMO EDNASH u zivot sum iskomentiral na tvoj tekst-koga smetav deka ne e dovolno kvaliteten i seriozen-se nadevam se soglasuvas deka imam pravo na toa. se nadevam deka ke se soglasish i DEKA TOA NE E TROLANJE PO KOMENTARI za da me spominjash u tekst. te molam bidi realen i razmisli i odgovori mi DALI 1 KOMENTAR (pa makar i negativen) e TROLANJE PO KOMENTARI. DALI? poshto ova sto si go napisal vo tekstot e malku pridavanje vaznost povekje na SEBE i sto e uste polosho: NESPOSOBNOST DA PRIMISH KRITIKA. jas kritikuvam najiskreno i najkonstruktivno i se nadevam deka taka lugjeto i ke me razberat. Nacinot na koj go koristish moeto ime u tvojot tekst pokazuva deka vo ovoj sluchaj ne e taka, za shto iskreno ZALAM. ovakvi NEDORAZBIRANJA (pa i zloupotrebi na moeto ime) ne ti odat nitu na tebe, nitu na okno vo korist. ke ti predlozam da se obides da bides sto e mozno poobjektiven, kako sto se obiduvas da bides objektiven vo ovoj tekst, koj btw. e sosem pristoen. ajde nemoj i ti da bides EDEN OD MNOGUTE (MEGJU NIV I SITE POLITICHARI) KOI NE TRPAT KRITIKA I VEDNASH ZLOUPOTREBUVAAT. Poshto so zloupotrebata na moeto ime (pametno ne si go stavil i prezimeto) se vbrojuvash vo redot naistite koi ne ti se dopagjaat. I ZAPAMTI: tekstovite ti gi chitaa razni lugje-nekoi postari, nekoi poobrazovani, nekoi i poiskusni. Mozebi i jas se vbrojuvam vo nekoja od ovie kategorii, zatoa NEMOJ DA GO ZLOUPOTREBUVAS MOETO IME I EDNIOT KOMENTAR STO SUM TI GO DAL U ZIVOT!!!
So nadez deka ke uspees ova da go dozivees osloboden od sueta.
Pozdrav

 Inaku dobredojden si da

 Inaku dobredojden si da dojdes na bilo koj nastan/koncert koj go organiziram ili nastapuvam na nego i da napishehs kritika. Nemora da plukas pod tezga (bash grozno sto toa ti pagja na pamet-odvratna fraza), tuku napisi edna izdrzana kritika. pa makar i negativna. nema nikad da mislam deka me "trolas".

 Текстот е ок, идејата да ја

 Текстот е ок, идејата да ја прикаже одговорноста на политичарите (која е и стократно поголема) на едно секојдневно ниво како би изгледала е супер, но разработката на примерите е просечна.
А коментарон за Мирко на почеток е апсолутно непотребен и вон контекст.

Shtovani Mirko, ovaa

Shtovani Mirko, ovaa sentenca: "ova e kao kvaliteten tekst? mozebi za vo Nash Svet" ne e stav ili kritika tuku potsmev zasnovan na infantilizacija i diskvalifikacija na avtorot. Dokolku kazes "ne cini" i go obrazlozis toa, toa e vo red, i se broi kako kritika, za koja sekoj razumen covek e zaintersiran za sopstveno dobro. Trolanjeto e eden moderen fenomen na internet i mislam deka ne treba da te navreduva, ednostavno si se sliznal vo nego, verojatno bez losi nameri. So pocit i pozdrav sto gi sledis kolumnite.

Копач, моето мислење за

Копач, моето мислење за твоите текстови е дека повремено се дегутантно тривијални и ескапистички. Фино горе се погоди текстот на Милчин каде што го критикува самозадоволниот и кукавички став на Гоце Смилевски (уште една од супер лажните „величини“ на „не-толку-политизираното-македонство“, одма покрај Милчо Манчевски, кој полека но заслужено се претвара во Ед Вуд на мк, со своиве последни два филма); тоа што го вели Милчин за Смилевски слободно може да се однесува и на тебе, Копач.
И да те прашам, на кој Прокопиев мислиш?! На А. Прокопиев, треш писателот?! Во друштво со Блаже, Петре, Кортасар итн.?! Копач, ако тоа го мислиш, тоа покажува дека со литературата си скаран темелно, а богами ни дрскоста ни глупоста не ти се далечни. Во случајов, се чини, често пати афективниот нарцис Мирко изгледа дека погодил во центар - и тоа со трол од ракав! Ретко видена зен вештина! Браво, Мирко! (Али пази се од метак:)

 Kopac. Toa sto sum go

 Kopac. Toa sto sum go napisal: "ova e kao kvaliteten tekst? mozebi za vo Nash Svet" E STAV i KRITIKA izrazeni na nachin na koj JAS SE IZRAZUVAM-eden direkten, ulichen, neposreden nachin vo koj megju ostanatoto ima i potsmev. AKO NEMASH KAPACITET da anticipirash sovremena, urbana kritika na ulichen nachin, togash teshko deka razbirash sto e "sovremeno" i pokraj toa sto go upotrebuvas stoj zbor. inaku jas zborot TROL dosta go upotrebuvam vo negovoto tradicionalno znachenje i smetam deka dokolku eden "sovremen" dechko kako tebe nee vo sostojba da sfati kritika kako mojata, mozebi gleda TROL (vo tradicionalnata smisla na zborot) vo sopstvenoto ogledalo. Otsega 5 pati da razmislish koga ke odluchish da go zloupotrebuvash moeto ime za podiganje na klasata na svoite tekstovi. Jas ne sum VMRO da tuzam. Mojata partija e SKOPSKA ULICA.

Се закануваш ли, бе, Мирко?!

Се закануваш ли, бе, Мирко?! Можеби со тепачишта од твоите дискотеки?! Нема голема разлика меѓу ВМРО и „Скопската улица“. Изродбата произлезе од фрустрираните и инфериорните градски идиоти - аналагни на оние од минхенските пивници. И не скокај ко попарен (и тоа јеботе уште со тепачки закани!) коа некој ќе те премери, во кој било контекст. Јавна личност си, со долг стаж, и мораш да научиш да трпиш и да примаш критики. Иначе, цел живот ќе останеш она што и сеа го демонстрираш - беден скопски уличар.

 Kопач ти што тоа нешто што

 Kопач ти што тоа нешто што го нарекувач `Шмизларење` модерно се нарекува Спин од Амерички Како што е модерно.
А ви браќа Окновци сте најтешки спинери со таа разлика што политичарите одговараат пред народот вие не одговарате пред никого (барем не ве бираат на избори). 
Како се нарекува публикување на 100-тици статии во кој се промовира еден единствен став и поглед на нештата ако не спинување т.е. Шмизларење според Копач?

Не знаеш која суета мава

Не знаеш која суета мава појако, дали на уличарите, дали на самопрогласените литературни критичари. Спомнувањето не Прокопиев во иста реченица со другите не значи дека автоматски е изедначен. Можеби Копачот сака да направи ист муабет за Прокопиев како твојот; од оние на ниво на критиките во Наш свет. Ама тешко се излегува од шаблонот на ‘уличарите’ по се изгледа. И Милчин има сличен проблем. Кај го вади Гоце од еден поширок контекст, не го ни разбира. Не може да го разбере, зашто тој е магионичарот сите овие години. Само тој (заедно со литературните критичари) нешто прават во земјата, од толку правење и револуции не оправија, гледаме. Криви се Гоце и Петре.
Зарем има нешто погрозно од влечење врз грбот на моменталната слава на одреден индивидуалец? Спомни го Гоце зашто деновите го има по медиумите, и мавај по младиве дечурлии. Е брао бе Милчин, брао бе коментатори. Копач, бегај човек, само тепачишта, дали на збор дали на рака, сеедно. Уличар до уличар. ('скопски' е само додатен украс).

ППП, дворска лудо на

ППП, дворска лудо на „Окно“, дури и да се „спин“ стотиците текстови на порталов - наши се, со наши пари и наш ентузијазам. За разлика од спиновите на твојот пастир за кои сите заедно овие 4 години имаме дадено над сто милиони евра (како му иде математиката: секој ден, 1000 дена по ред, по СТО ИЉАДИ ЕВРА ДНЕВНО (јеботе! за десет дена - милионче, за сто дена - десет миљончиња; за иљаду дена - СТО ДЕБЕЛКИ МИЉОНЧИЊА ЕВРА!) за огледалото да збори: „Најлепши си, пастиру!“). И тоа збориме само за директните медиски спинови, во телевизиите, агенциите и печатот на фамилијата. За посредните спинови (Скопје 2014, тендери и други корупции) да не збориме - станува збор за нови стотици милиони евра. Никој не гласал за тоа, пола милијарда евра да се одлеат во величање на боксерот-статист и неговата историска улога во разнебитувањето на Македонија. ППП, морону, нема доволно вулгарен јазик кој може да го опише вашето злосторничко здружување и начинот на кој ја разјебавте земјава...

 ajdeee...tepachi-ova-ona....

 ajdeee...tepachi-ova-ona....ccc...ponekogas zaboravam deka vpushtanje vo diskusija so lugje koi se srasnati za patetichna stolica nema poenta. vreskachi koi nikoj nikad ne gi slusha. brzopleto i glupavo od "literturniot kritichar"...izvinete, ama od sea ke nemam vreme za vas, teshko mi e da chitam vakvi nebulozi.

Анонимен, грешиш. Мој

Анонимен, грешиш. Мој впечаток е дека Гоце Смилевски е мошне одговорен за процесите на еманципирање на земјава (или Милчо Манчевски, кого го спомнав; баш нешто пресметував, ако државата на Милчо му дала само по еден милион за неговите 4 филма - испаѓа дека Милчо е убедливо најподржуваниот уметник во историјата на Македонија! Да, некој добил атеље, некој добивал високи хонорари - десет или дваесет просечни плати за роман - стипендии, вработувања итн. - но 4 милиона за 15 години?!; како тогаш фигурата на Милчо и неговиот опус да не ги земам предвид во историско-политичките анализи на земјава?!) Типчиња ко Смилевски - башка што се лоши, ужасно досадни писатели, кои ама баш никако не напредуваат, што е масовна болест овде, цементираниот адолесцентски статус - се праат дека тоа не го гледаат: дека е потребен и нивниот гз (за Паради на гордоста, бунтови против цркви и споменици итн.) за општеството да биде послободно.
Копач имал брилијатни моменти на Окно, а имал и сосема тривијални. Тоа ваљда е и нормално, кога многу се работи, многу се пишува. Битно е да се слушне критиката, не?! Па дури и тогаш кога не е доволно втемелена, да речеме, а овие олаки коменторски критики често се такви...

прости му на литературниот

прости му на литературниот критичар, тој се со негови пари :)) Да е жив и здрав Милчин, што друго да каже човек. И види го, не може еден коментар да даде без да го спомне пастирот. А зборува за спинувања. патетична столица... ха ха. на место.

Еееее `Интелектуалци` на кое

Еееее `Интелектуалци` на кое ни во сте спаднале. Повеќе не кажувам ништо за моето обрзование да не ми лепне некој етикета `Интелектуалеци` и да морам да се страмам после тоа.
Интелектуалец колку тоа бедно звучии ај нека ви служи на чест.

ФИООМ (кој го финансира Окно

ФИООМ (кој го финансира Окно и чијшто директор е Милчин), постои 16 години во РМ. За тоа време потрошил околу 100 милиони долари, за разни програми: медиуми, здравство, култура, човечки права итн.; последниве години, на пример, фокус е ромското прашање; дадени се милиони евра за поголема застапеност на Ромите во образованието, институциите итн. Илјадници луѓе од мк добивале стипендии или на најразлични начини биле вклучени во активностите на ФИООМ. Цел куп вмровци, десничари - биле пулени на ФИООМ. Јован Донев, еден од најголемите националистички јастреби во моментов, близок до ВМРО, 6 години беше претседател на Управниот одбор на Фондацијата (во тој УО, во поново време, седеше и Ѓорге Иванов).
Споредете ја сумата од 100 милиони долари за 15 години (дадена во најширока можна општествена смисла) и сумата од 100 милиони евра дадени за 4 години за маркетиншки активности на Никола Груевски. За што збориме?! Притоа, парите на ФИООМ се грантови од странство, а парите на Златни Црни Грујо се директно зафаќање од џебовите на сите нас!
Инаку, Окно за овие две години постоење, од ФИООМ има добиено два гранта во вкупна вредност од околу 25.000 евра. Тоа се речиси единствените пари со кои Окно работи овие две години. Благодарноста кон ФИООМ е, се разбира, огромна, зашто Фондацијата не’ помагале и во почетоците (списанието Маргина), и преку културниот центар Точка (го помогнаа стартувањето на центарот), а и денес, преку Окно. Парите никогаш не сме ги користеле за лични цели (хонорарите се многу скромни), за „спинови“ и манипулации. Впрочем, процедурите на Фондацијата тоа не го ни дозволуваат.
Да биде појасно: за две години работа Окно од ФИООМ добило 40 пати помалку пари отколку што добил Манчевски од македонските даночни обврзници за последниот (идиотски, тука се согласувам со критичарот) филм.

 Mожам да прочитам  Милчин

 Mожам да прочитам  Милчин што зборува, Можам да прочитам овде 100-титци текстови кој форсираат еден единствен став и еден единствен догматски поглед на нештата кој провејува како индиска мантра на Харе Кришна. Ако тоа не е Спинување или Шмизларење како што го нарекува човеков незнам што е. 
Инаку ти нудам опклада во 200 милиони евра дека не си способен да срочиш ниеден коментар ниедна мисла без да го спомнеш или ставиш во контектс Пастиротот. :-) 

Ај приберете си ги суетите,

Ај приберете си ги суетите, го поткопавте текстчето. :)
 
Kое е симпатично сликовито.
 
На секој му се случува да утиња, па и на Милчо. Утки од милион евра се чести овие денови. 

Дајте му на Мирко едно

Дајте му на Мирко едно колумниче да распали по непријателот, не вакви писмени по “мајчин“ од (ај еве) седмо одд.

Јас, уживав во текстот. Со

Јас, уживав во текстот. Со големо и болд у. Плиток можеби, но во никој случај без поента.

Занимавањето со Златни Црни

Занимавањето со Златни Црни Грујо на Окно не е „опседнатост“ туку реализам и одговорност. Занимавањето со Милошевиќ или Туѓман во Србија и Хрватска во деведесеттите - не беше „опседнатост“, туку чин на највисока граѓанска храброст и одговорност. За жал, реално живееме во деспотија, во автократија на еден политички и културен пигмеец околу кој се врти се’: од тоа кои книги ќе се печатат и кои споменици ќе се градат, до тоа дали неговата пресветост ќе се смилува да ја приближи земјата до ЕУ, како што ветуваа преродбеничките хартии (економија, подобар стандард, ЕУ и НАТО, ветуваше преродбата како приоритет - и ги доби гласовите на граѓаните; не ветуваа нов антички идентитет, разуларена пропаганда секој божји ден во изминативе четири и кусур години и не ветуваа стотици милиони евра за антички згради и споменици).
Многу лесно е да замижиме, и овде на Окно, лесно е да си олесниме, да накривиме капи и да си свиркаме: криви се Грците, Албанците, Западот, а богами и уметноста е толку пространа (еве, Гоце Смилевски и Милчо Манчевски знаат) што нема никаква потреба Окно да се занимава со Златниот-Црниот и со неговите културно-политички мајмунлаци и свињарии. Такви пристапи има колку ви душа сака, во македонскиов етер. Кому на Окно не му се свиѓа, бујрум, стварно се широки пространствата:)

 Проблемот не е темата

 Проблемот не е темата проблемот е униформноста на гледиштата и едноумието.
Малку и културното ниво на изразување е ниско и вулгарно ама тоа е прашање на личен вкус или невкус на авторите.

ППП, идиоте, не ти се тебе

ППП, идиоте, не ти се тебе наменети објаснувањата (оти си идиот), туку на евентуално неупатените и подложни да ги голтаа јадиците пуштени од дувлата на партијата налик на тие хеликоптерчињата за скенирање очи од Малцински извештај (та „бугарски кишобран“, та вентилаторчиња, та пенкалца за прислушување - ќе да се асоцијацииве од удба, што би се рекло, поттикнати:).
Ти, ППП, си толку глуп и неписмен (100-титци може да ти биде надимак; да не мислиш сто цицки?!) што е ирелевантно чоек со тебе да се занимава. Но, и тоа е индикативно: некакво јадно мајмунче од партискиот подмладок, кое нема вода у очи (т.е. не владее основни техники на мислење&пишување), да биде фрлено во првите борбени линии за да дели памет, претпоставувате, баш по мислење&пишување:) Е, тоа е преродбата. Колку си понеспособен за нешто, толку форсирај го токму тоа, за да се изгнаси се’ и да се релативизира се’. Преродбата е доказ дека секој идиот може да работи што било, па и да води нуклеарен реактор, ко Хомер Симпсон.

 Само напред покажувајте си

 Само напред покажувајте си ја културата...Да знаат луѓето какви типови стојат зад самозалепената етикета `интелектуалец`.

полека почна да се одмотува

полека почна да се одмотува клопчето...брача словенци зајебали бц...али бц е само глава на октоподот...пипците се сорос, геро, велија, коља...по навика бц ќе спаси глава, али ќе мора да се отсечат 2-3 крака...еци пеци пец коља мали зец

Онанисај га мали мујо, Не ми

Онанисај га мали мујо,
Не ми е јасно што ви е проблемот со Милчо Манчевски ?
Не ви се допаѓаат неговите филмови , Ок па имате Сутјеска, Неретва, Валтер го Бранко Сараево , шо би реко уреднико , „стварно се широки пространства„
Не ви одговара неговото размислување , спотовите за Македонија, неговите естетски вредности не се исти како вашите , ок ,стварно се широки пространства„
ИЛИ проблемот е во парите кои ви никога нема да ги видите !! Поради тоа што никогаш нема да вредите ни колку една стотина од Милчо , па зарем Вашиот ПАПА ке дадеше340,00 евра на Некојси змајчеки а не на вас , УФ УФ што ми е мило ем драго на Струга дуќан да имам.

Ало, ало кревај рачна дечко,

Ало, ало кревај рачна дечко, што бладаш. Милчо беше споменат во сосема друг контекст, а и вашиот папа, кој го намести вашиот пастир да биде премиер, а овој за сметка на тоа него да биде ’прецедник‘ (чудно како луѓето ја забораваат таа принципиелна коалиција, ем голема љубов меѓу нив негде во периодот 2004-2006) му даваше пари на Манчевски, а и на Изи ако сакаш, токму во тоа е проблемот. Изледа мислите дека ангажиран интелектуалец е оној кого власта го ангажирала и со самото тоа придонесува во државата. Патем речено,  тие спотови се патетично-очајни и се платени со НАШИ пари, и имам право да кажам што мислам, па нека бил и некој кој добил 15 оскари.

ЈАС, немам ниту сум имал нити

ЈАС, немам ниту сум имал нити пак ќе имам Папа, Пастир, итн, и горд сум на тоа , ама глуп и туп сум, па затоа пак не разбирам што ви е проблемот со М.М. (еј дете па јасно е ко бел ден кога почна Милчо да биде неподобен (одличен израз од комуњарското време) од спотовите !! з.н.а.)
Сега проблемот се парите , парите парите или не  ?
Уметничките вредности на М.М  се спорни ?? или двете -- „дибидус неподобен„
Ај решете се  веќе ! агитпроповци низаедни!!
Поздррррррррррррав
 

За уметничките вредности може

За уметничките вредности може да зборуваме друг пат и во далеку поопуштени услови. Не осудувам ниту кога е во прашање турбо-фолкот или било што друго. Ама кога се во прашање илјадници евра, народни пари, за глупави кампањи тогаш нема да молчам, па бил на власт, Грујо, Мујо, Бранко или Љубчо. За мене Милчо не е неподобен, ниту лош режисер, пак ќе кажам, има одговорност и кај оние што се нафаќаат да бидат дел од идиотските кампањи и да кркаат пари, како Милчо, ама највиновни се оние што им ги даваат и тоа ти е тоа, просто ко грав, да можеш и ти да го разбереш.
П.С. Сега чув малце му биле милион евра за филмот, му требале уште за да го промовира.

 Споменици или

 Споменици или Лекови? Неокласицизам или Модернизам? 

Прашањето е приватизација на ФЗО или не?
160 000 административци или плус 100.000 невработени?
Политичките елити и спинерите од Окно не се способни да ги решат вистинските проблеми па затоа ја дефокусираат јавноста со малоумни дилеми и сеат магла и мутат вода со глупости.

Слободно отвори ги тие

Слободно отвори ги тие прашања, јас прв ќе те поддржам. Точно е, преголемата јавна администрација е огромен проблем, мора да се реши.

Предлог до уредништвото на

Предлог до уредништвото на Окно - башка пост/текст/есеј, како сакате, за Милчо, а може и со посебен осврт на неговиот последен филм.
Колку што следам, критика досега даде само Марина, можда Сунчица иако не ја сретнав, а се останато (и многу скудно) беа неколку реда после ТФФ, односно после премиерата.
 
Доколку евентуално веќе имало на Окно, мај бед.

Слични содржини

Став

ОкоБоли главаВицФото