Премиера на „Квази бурлеска“ со Дуња Иванова и групата „Светлост“

03.07.2019 10:53
Премиера на „Квази бурлеска“ од Пандевска, со Дуња Иванова на пијано и групата „Светлост“

Пијанистката Дуња Иванова, заедно со музичката формација „Светлост“, вечерва (среда, 3 јули) во паркот „Ибни Пајко“ со почеток во 21.30 часот, премиерно ќе го изведат делото „Квази бурлеска“ за пијано и инструментален состав, од македонската композиторка Ана Пандевска.

Овој концерт е во продукција на „Слобода Филм“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на РСМ и општина Центар, а како дел од годинешното 40-то издание на „Скопско лето“.

Ана Пандевска е автор е на солистички, камерни, хорски и симфониски дела кои опфаќаат различни музички правци и жанрови, како минимализам, фолклор, џез, електроакустична и амбиентална музика. Како редовен член на СОКОМ добитник е на повеќе награди за класична композиција.

Дуња Иванова е магистар по пијано и доктор на филозофски науки. Концертира во Њујорк, Париз, Сараево, Тирана, Рагуза, Приштина, на Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонската музика, Музика вива, Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Winter Apricots. Посветува рецитали на музиката на Прајснер, Глас, Еинауди, Перт, Сакамото, Најман, Рајли, Рајх, Сапин, Федел, Бан, Тирсен.

„Светлост“ е музички колектив основан во 2014 година и флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект - најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика.

 

Слични содржини

Музика / Око / Музички спотови
Наука / Музика
Музика / Око / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото