1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 19:59
Веќе ни ги сакаше предметите,
ниту зборовите, ниту делата, ниту птиците,
сè околу него се пресоздаде или во симболи
или во поинакви знаци (и ништо на таа судбина
не ѝ избега). Така, претпочиташе да молчи,
правејќи, како немтурите,
некои чудни движења,
спокојни и двосмислени, горки, смешни. Но и тие,
неколку години подоцна,
се преобразија во знаци.
Превод: Паскал Гилевски