Загреб ќе добие велосипедски автопат

04.07.2019 11:29
Загреб ќе добие 120 километри велосипедски автопат

Greenway - државна велосипедска рута 2, е името на проектот кој го подготвува градот Загреб во сорабтока со други институции.

Greenway е инфраструктурен проект со кој ќе се изгради велосипедска патека, односно автопат, долг 121 километар долж текот на реката Сава, од границата со Словенија до местото Лијеви Дубровчак. Изградбата на патеката е поделена во девет фази, а едната од нив е и изградба на велосипедски мост во должина од 1.6 километри.

„Приоритет ни беше зголемувањето на бројот на граѓани што ќе користат велосипеди во секојдневниот сообраќај, а таа цел можевме да ја реализираме само со изградба на инфраструктура и едукација уште од најрана возраст. Со овој автопат ќе им се овозможи на граѓаните од поширокото подрачје на градот, Загрепската жупанија да одат на работа со велосипед. Но Greenway ќе им овозможи на нашите жители да одат и на излети во зелените подрачја на жупанијата“, изјавија надлежните од Градот.

Извор: Jutarnji list

 

Слични содржини

Јавни простори / Балкан / Уживање
Јавни простори / Екологија
Јавни простори / Екологија
Активизам / Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото