1014 hPa
54 %
25 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 20:59
Со денови седеше во туѓа нива и сеедно копнееше
- скришум да се изјази по соголеното стебло на смоквата
и со чувство на лист или птица од повисоко
да го здогледа светот, но секогаш се случуваше
да помине некој, да го вознемири,
па сето тоа го одлагаше за подоцна.
Една квечерина
убаво разгледа наоколу и сред штамата
- за час се искачи на највисоката гранка и тогаш слушна
гласни довици откај честарот: „Што правиш ти таму?“
„Една смоква“, им одговори тој, „да ја скинам
последната смоква.“ Се скрши гранката.
Го кренаа. Тој ја стегаше
десната рака, а кога ја отвори дланката
- во неа немаше ништо...
Превод: Паскал Гилевски