Борка Павиќевиќ: Културата поставува прашања, но дава и одговори

04.07.2019 13:57
Борка Павиќевиќ: Културата поставува прашања, но дава и одговори

Во спомен на Борка Павиќевиќ (1947 - 2019), драматург, писателка, колумнистка, активистика, една од најзначајните фигури на регионот кога се работи за борбата за слободна мисла и човекови права го пренесуваме интервјуто со неа од 2015 година, по повод 20 - годишнината на Центарот за културна деконтаминација на кој беше директорка.

Таа зборува за последиците од несоочувањето со минатото, провинцијализираната свест, која произведува нова затвореност, за стравот на обичниот човек, но и за потребата за пронаоѓање на нови форми на здружување и борба за достоинствен живот.


Борка Павичевиќ е родена во 1947 година во Котор, Црна Гора.

Десет години од својот живот помина драматуршкото одделение на Ателје 212 и 20 години во БИТЕФ (Белградски интернационален театарски фестивал). Беше драматург во театрите во Зеница, Сплит, Скопје, Љубљана, Суботица и Белград.

Таа беше и директорка на Белградскиот драмски театар, а сменета е во 1993 година поради своето политичко и јавно дејствување. Беше учесничка на граѓанскиот отпор и членка на Белградскиот круг – здружение на слободни интелектуалци, од самото негово основање.

Од 1991 година учествуваше во многубројни антивоени акции во Белград и други југословенски градови во соработка со југословенските организации кои се залагаат за демократизација и развој на граѓанското општество во Србија и регионот.

Добитничка е на многубројни награди како наградата на Фондацијата Хирошима, за мир и култура (2004 година). Носителка е на францускиот Орден на честа од 2002 година.

Смртта на активистката Павичевиќ е огромна загуба не само за Белград и нејзиниот Центар за културна деконтаминација, туку е загуба за целиот регион.

 Извор: Seecult

ОкоБоли главаВицФото