Бикини годишнина

06.07.2019 01:02
Бикини годишнина

На 05.07.1946 новиот модел на костим за капење „Бикини“ премиерно го прошетале манекенките на париските модни писти, што предизвикало голем скандал и подигнало голема прашина.

Новиот модел на дводелен костим за капење „Бикини“, кој го добил името по островот Бикини на кој се изведувани тестирања на атомски бомби во 1945, го креирал Луи Реард, но морале да поминат десетина години за да се појави на плажите. Во Европа и Америка долго бил прогласуван за неморален, а ледот го пробила Брижит Бардо кога се појавила во бело бикини на филмскиот плакат за филмот „И Бог ја создаде жената“.

ОкоБоли главаВицФото