Скулптури на иднината

08.07.19 00:50

Кинескиот уметник Тиан Ксиаолеи (Tian Xiaolei) е еден од кинеските уметници кој отидоа најдалеку во областа на виртуелната реалност (ВР) во последните неколку години. Во своите наградувани дела тој ги користи историјата, религијата, науката, технологијата и биологијата за да создаде сосема нови, невидени визуелни искуства. 

Најновиот проект на овој уметник е наречен „Aerobics“и е вистински каренвал на ексцентрични дигитални креации. Ксиаолеи ја „поправил“ Венера Милоска додавајќи ѝ две роботски раце и уште редица по малку бизарни, но загрижувачки возможни креации. 

„Во иднина, бог ќе биде заменет со хибридно битие кое е човек и машина", вели овој кинески уметник.
„Луѓето се само во една од етапите на еволуција и ние ќе продолжиме прогресивно да се надградуваме“, додава тој.

Извор: Nowness

 

ОкоБоли главаВицФото