Птица го храни своето бебе со пикавец

09.07.2019 12:15
Птица го храни своето бебе со пикавец



 На плажа во Флорида, САД, фотографирана е птица од видот црн водосек, како подига пикавец и го става во клунот на своето бебе.
Сликата била објавена на Фејсбук на 20 јуни 2019 и била проследена со вознемирени реакции.

Водосеците прават гнезда во песокот на плажите и нивната сезона за гнездење е од мај до ран септември.

Според минатогодишните податоци на невладината организација Ocean Conservancy пикавците со декади се најсобираниот предмет по плажите низ светот.
На 22 април, во Брисел, волонтери во еколошка акција собрале околу 120000 пикавци. Речиси сите пушачи ги фрлаат насекаде. Истражувањата покажуваат дека оваа навидум минорна навика претставува сериозна закана.

Наспроти популарното мислење, пикавците содржат пластика – целулоза ацетат. Тие исто така содржат околу 4000 други хемикалии, од кои ниту една не е биоразградлива. Овие мали парчиња отпад можат да загадат огромни количества вода, дури до 500 литри. Пикавците се најчестиот ид на отпад сретнат во околината.

Иницијативата Cigarette Butt Pollution Project се бори за забрана на употребата на пикавци.


 Извор: https://truththeory.com

ОкоБоли главаВицФото