Гиф новела

10.07.19 00:46

Матис Довие (Mattis Dovier) создаде „гиф новела“, врз основа на саундтракот на две неиздадени песни од групата „Wild Beasts“.

„Во приказната се работи за конфронтацијата помеѓу човек и робот во опкружувања што им се туѓи", вели Довие. „Секој од нив се соочува со психоделични откритија низ органски и футуристички светови. Идејата беше визуелно да се покажат чувствата што ги доживував кога ги слушав песните", додава тој.

При создавањето на гиф новелата, Довие започнал со цртаното сценарио (storyboard) како и во традиционалниот графички роман.

„Гиф новелата е хибриден формат помеѓу слика и видео и не се разликува многу од класичниот графички роман", објаснува тој.

„Всушност, првиот чекор е сценариото, да се истражат и да се дефинираат клучните слики и да се нагласат оние кои имаат најголемо визуелно влијание, исто како во печатен стрип роман. Но, исто така, тоа е многу блиску до видео, бидејќи се работи за циклични фрагменти од анимација, разликата е што во овој случај таа останува повеќе елиптична".

Извор: artfucksme.com

Слични содржини

Око

ОкоБоли главаВицФото